ЛЕКАР ОД МАКЕДОНИЈА КОЈ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА МУ ПРЕДЛАГА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИНТЕРЕСНА ИДЕЈА КАКО ПОДОБРО ДА РАБОТИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ

Објавено на 05.10.2019 во 19:07:33 часот | Македонија

 
Здраво Саше, јас сум интернист кој работи во Германија, студирав во Скопје. Следниов текст доколку не се коси со твоите политички и медицински сфаќања и звучи според тебе корисно можеш слободно да го објавиш како колумна, идеја како да се подобрат работите.
Поздрав, Горан Трајковски.
 
За драстично да се подобри здравството на клинички центар доволно е една додатна
зграда која ќе служи како тријажен/дијагностички центар: со хируршки и интернистички
дел.
 
Сите пациенти кои што ќе доаѓаат со нејасна клиничка слика (односно преклинички
нецелосно поставена дијагноза или без конкретен упат за одредена супспецијализација)
ќе проаѓаат низ тој центар првично:
 
Потребно е итна лабораторија достапна за 30 минути, шок соба, stroke соба, соба за мали
хируршки интервенции, амбулантски дел (fast track), рентген и компјутерска томографија.
 
Од лекарски персонал е потребен добар интернист дијагностичар и општ хирург кој ќе
може да ги среди некомплицираните амбулантски случаи на лице место и да ги пушти
директно на домашно лекување.
 
Можеби и повеќе тимови ќе бидат потребни зависно од обем на пациенти.
 
На тој општ оддел за ургентни случаи ќе се врши дијагностика, примарна терапија,
стабилизирање на критичните пациенти и препраќање зависно од дијагнозата директно
до клиниката на која што тој пациент припаѓа без чекање по ходници и шуткање на
пациентот од клиника на клиника со изговорот "овој не е за овде".
 
Секако мора да има компјутеризиран систем за пријавување на пациентите на одредена
клиника без притоа локалниот лекар - читај "шериф" да може неосновано да го одбие
третманот на одреден пациент.
 
На тој начин нема да има примери како овој што го слушнав денес: пациент во шокова
состојба поради илеус кај кој што се очекува да има покачен креатинин поради
"централизација" и недоволна прокрвареност на органите да заврши на нефрологија
каде што добил симптоматска терапија или фејс лифт терапија на лабораториската слика
односно една дијализа за подоцна во обдукција да се дознае дека починал од илеус -
народски "преплет на црева".
 
За само мал процент од буџетските пари што се фрлија по глупости можеше и може
барем да се проба да се воведе ваков концепт кој што би се исплател повеќе од
спомениците и би бил во чест на живите наместо мртвите па макар и кога само
минимално би го подобрил хаосот на клинички.
 
Мислам дека ова ги засега сите, па и оние коишто немаат никаков интерес за
медицината бидејќи не е фер да мора да бираш помеѓу никаков третман и оној што се нуди во клинички центар.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет