Богојевски: Јас не работам за Заев, туку работам за Македонија! Во рацете на Заев се тие кои крадеа во времето на Груевски!

Објавено на 05.10.2019 во 20:03:54 часот | Македонија

Петар Богојевски во интервју за „Независен“ одговара на прашање за обвинувањата дека е предавник и дека работи за Заев.

„Никогаш не подржувам назадни политики или политичари. Бев жесток следбеник на Љубчо Георгиевски, но во моментот кога дојде време за прогресивни сили, застанав со силна поткрепа на Никола Груевски. Во моментот кога ја отворивме можноста за нова гарнитура во ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицковски, исто така дадов поткрепа, со цел да се отвори партијата, но и политичката сцена за нови идеи и можности. Тоа што Христијан одлучи да остане „подизведувач на груевизмот“, беше негова одлука и причина да ја изгуби мојата поддршка. Зоран Заев е политичар од друга политичка провениенција и многу малку го познавам, за разлика од тројцата горе именувани. Од тука не може да стане збор за било каква поддршка на Заев како политичар. Но, има цели пред државата кои се поголеми од партиите и ја засегнуваат целата држава. Јас ја поткрепувам евроатлантската насока за развој на модерна Македонија. Така да, јас не работам за Заев, туку работам за Македонија. Соработниците на власта во опозицијата ќе ги барате на друга адреса! Кај оние кои крадеа пари за време на Груевски и имаат десетици кривични дела. Тие се во рацете на Заев, а не јас“, вели Богојевски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет