(ВИДЕО) Civil Мedia: Рангелова разочарана од новите ликови во ВМРО ДПМНЕ

Објавено на 05.10.2019 во 20:52:44 часот | Македонија

Секако една од најкоментираните и највидливите политички фигури во Северна Македонија е пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед на тоа дали некој ја сака и почитува или ја мрази и напаѓа, Рангелова се појави и опстана на политичката сцена во исклучително турбулентни времиња за земјата. Околу неа се плетат огромен број приказни, а често е жртва на жестоки напади и говор на омраза од најразлични страни, вклучително и од „своите“. Нејзиното политичко дејствување неретко е контроверзно и, своевремено, на линија на антидемократските и авторитарните политики и практики на поранешниот премиер Никола Груевски. Но, Рангелова ја гледаме и во сосема поинаква светлина, со ставови за суштински важни теми и области, за кои во минатото малку или воопшто не се знаеше.

Даниела Рангелова е родена на 20 јули 1978 во Велес и е дипломиран политиколог. Нејзината политичка кариера е динамична и полна со драматични пресврти. Од почитувана и силно промовирана партиска функционерка, лидерка на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ до персона нон-грата во партијата, таа продолжува да ги бранува политичките води и јавноста во земјата. Падна во немилост на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, откако покажа дека во политиката се потребни сопствен став и независно мислење и дејствување.

Како пратеничка, Рангелова е извонредно активна и во моментов е член или во раководството на десет собраниски тела. Нејзина највидлива и за ЦИВИЛ најинтересна функција во Собранието е секако нејзината функција на претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Воедно, таа е член и на Комисија за европски прашања, Комисија за прашања на изборите и именувањата, Комисија за финансирање и буџет, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член и низа други. Ја поддржува идејата за Македонија како една изборна единица, што воедно е една од долгогодишните заложби и на ЦИВИЛ.

Сето тоа и многу повеќе, претставува повод за интервју со Даниела Рангелова, со која разговаравме за заложбите за родова еднаквост, предизвиците на жената во политиката и во партијата, како и за актуелните теми поврзани со изборните реформи и активностите на ВМРО-ДПМНЕ, за Иницијативата за исполнување на квотата од 50% жени во парламентарниот дом…

Првиот дел од интервјуто со Рангелова, сепак, го започнуваме со предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски за 120 изборни единици, за изборните реформи, нејзините ставови за изборниот модел, како и за новитетите во ребрендирањето на партиите и најавата за промена на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ.

ЦИВИЛ МЕДИА: Предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за изборни реформи е 120 изборни единици. Кој е вашиот коментар и за што всушност вие се залагате?

РАНГЕЛОВА: Јас сум изненадена од изјавата. Прво, не е комуницирано со пратениците, но не прв пат. Очекувам дека не е ни последен пат, одлуките да се носат во мал круг на луѓе во партијата. Не се отвори ниту дебата дали ние како пратеници, кои на крај треба да го притиснат копчето, ќе можеме да кажеме дали навистина треба да има мнозински модел од 120 единици. Не сум експерт во оваа област, но 120 изборни единици ми изгледа многу комплицирано. Во 1998 година имало некој комбиниран модел, 85 изборни единици биле со мнозински модел и35 пратеници се бирале со пропорционален модел. Ова се покажало дека не е добро за нашето општество. Кога е мнозински модел има директна конфронтација на луѓето во локалните места.

Јас сум изненадена бидејќи мнозински модел бираат оние што се на власт и луѓето кои имаат влијание. ВМРО-ДПМНЕ сега има многу малку градоначалници. А тие се оние што имаат влијание во нивните средини. Тогаш партиите на власт бараат мнозински модел за да го искористат нивното влијание.

Мислам дека долго време се зборува дали треба да биде една изборна единица. ДУИ сега имаат некој нов предлог, првин беа за три изборни единици, сега пак ги враќаат шест изборни единици. Влегуваме во еден виртуелен круг, сите различно бараат и на крај да не се договорат за ништо. На големите партии им одговара пропорционален модел со шест изборни единици, на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, можеби, но тоа е нездраво за една парламентарна демократија. Гласовите на малите полтички партии се губат и тие мораат да коалицираат. Луѓето од главните партии потоа се лутат зошто од малите партии се качуват на повискои позиции, а тие не би можеле да влезат сами во Собрание.

Јас сум особено поддржувач на отворените листи. Ако ги гледаме последните анкети, што за мене се разочарувачки, каде над 40% од населението не е заинтересирано да излезе на гласање и над 30% се оние што не знаат за кого ќе гласаат. Тоа е добра порака од граѓаните дека тие сакаат да имаат поголема моќ во нивното одлучување. А како би ја имале таа моќ, ако самите не одберат за кога сакаат да гласаат, односно кој да ги претставува во Собранието.  За мене е одлична идеја отворени листи, но прагот треба да биде низок за да имаат можност и помалите политички партии да имаат свои претставници во Собранието.

На тој начин ќе имаме стабилна Влада, иако лидерите на големите партии нема да се согласат, со стабилни политики што нема да ги сметаат пратениците за свои поданици. Мора да имаат поголема слобода на одлучување.

Линк до целото интервју, овде.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет