BRYAN ADAMS ЗА ПРВ ПАТ ВО СКОПЈЕ: ПОСЛЕДЕН ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2019 ГОДИНА! 13-ти ноември, Скопје- А1 Арена

Објавено на 12.10.2019 во 10:56:22 часот | Забава

Драги пријатели, 

Драги пријатели,
Судбината сакаше последниот светски концерт во оваа навистина историска концертна година, во која малата Македонија имаше шанса во една сезона да ги види Eros Ramazzotti, Sting, Lenny Kravitz, да биде концертот на еден од најголемите мејстрим изведувачи на сите времиња, канадскиот хитмејкер Bryan Adams, кој ќе се одржи на 13-ти ноември во А1 Арена.

Bryan Adams доаѓа за прв пат во Скопје да го промовира својот нов албум „Shine a light“ во рамки на истоимената светска турнеја и да ни ги отвсири сите хитови од неговата многу богата кариера, како „Everything I do, I do it for you“, „Summer of 69“, „Run to you“, „Heaven“, „All for love“, „Please forgive me“ и уште многу други, со кои дефинитивно ќе ви ги разигра и разнежни срцата.

Имено, влезниците за овој концерт се продаваат исто добро како и за сите изминати шоуа во оваа сезона, па ви советуваме да ги набавите што е можно побрзо, и тоа во Avalon Ticket Shop во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

Bryan Adams доаѓа во Скопје! Се гледаме на 13-ти ноември!

Познати се сите детали околу цените на влезниците и нивната продажба за големиот концерт на Bryan Adams во Скопје, кој ќе се одржи на 13-ти ноември во ВИП Арена. 
Влезниците се веќе пуштени во продажба онлајн преку авалон.мк, како и преку продажната мрежа на Авалон Продукција низ Македонија и низ регионот, по следниве цени и категории: 

ПАРТЕР- 1990 денари 
SILVER SEATS- 2.500 денари (блок 1, 5, 6, 10, 11 и 15) 
GOLDEN SEATS- 2990 денари (блок 2, 3, 4, 7, 8, 9, 12 и 14) 
ВИП 4000 денари (блок 13) 

ВАЖНО: На овој концерт нема да постои категоријата ФАН ПИТ затоа што Bryan Adams не сака да ги двои фановите, и никогаш и никаде не постои фан пит како категорија на неговите концерти. 

Одиме понатаму, 
Авалон Продукција 

 

 

loading...

 

Забава

Македонија