Богојески: Мицкоски ја пропушти шансата, членството и граѓаните се разочарани од него

Објавено на 13.10.2019 во 13:26:00 часот | Македонија

Реформаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, вели дека актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, ја пропуштил шансата да направи реформи бидејќи не се ослободил на време, како што вели, од груевизмот. Според Богојески, Мицкоски е големо разочарување за граѓаните, но и за членството на партијата. Процесот на реформи, додава тој, ќе го направи следната генерација раководители на ВМРО ДПМНЕ.

„Главен аргумент на господин Мицкоски со кој докажува дека се откажал од “груевизмот”, бил фактот што не му се приближувал на 5км на господин Груевски и не пиел кафе со него! Замислете, ова бил главниот аргумент! И тоа пред странците!?Господин Мицковски, Вие можете секој ден да си пиете кафе со господин Груевски, да си беседите на телефон 24/7. Тоа е Ваша работа и нас тоа не не интересира! Ние зборуваме за “груевизмот”, а не за лицето Груевски. Груевски не е “груевизмот”, туку политиките, начинот и методите на водење на партијата и државата! По мое длабоко убедување, господин Груевски беше само извршител во системот на “груевизмот”! Друг беше мастерот!“, пишува Богојески во својот последен пост.

Тој го прашува Мицкоски кога ќе се откаже од политиките на груевизмот, од начинот на раководење на партијата преку „прогласување на платеници и предавници, преку уништување на човечки судбини и газење преку лешеви“.

„Само и само да се докопате до гола власт! Толку ли Ви е мила таа пуста власт?!? Таа пуста функција?!? Кога ќе се откажете од двете “дувла” во мермерната палата и она “руското дувло” на екипата од Агенција за разузнавање?!? Кога ќе се откажете од намерата да ширите лажни вести, преку стотиците лажни сајтови, блогови, ботови на социјалните мрежи, кои Ви ги остави “груевизмот” на располагање? Или од злоупотребата на мноштвото “медиуми”, кои патем речено имаат газда од Унгарија?!? Кога ќе се откажете од заканите и уцените кон Вашите неистомисленици или сопартијци кои различно размислуваме?!? Кога ќе престанете да ги “мотивирате” одредени “новинари” да уништуваат се што ќе Ви застане на патот, а да ја прават грда сликата за новинарството во земјава? Кога ќе се откажете од кадрите на “груевизмот”, кој се буквално 90% од Вашиот тим?!? Кога ќе престанете да правите слики со странци по ходници, а тоа да го прикажувате за “меѓународна поддршка” на Вашите политики за реставрација на истиот тој “груевизам”?“, стои во неговиот последен коментар.

Богојески му порачува на Мицкоски дека е доцна сега да стане реформатор.

„Тој воз одамна замина! Не можете преку преземање и промоција на агендата на реформаторите, преку некоја шминка, наречена демек измена на Статут или преку лажна вест за продажба на мермерната палата, која е замрзнат имот и не може да се продава, да бидете реформатор! Реформите во ВМРО ДПМНЕ се суштествен процес!“, порачува тој.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет