Шеќеринска: „Бомбава“ само ја потврди огромната разлика меѓу нас и нив

Објавено на 13.10.2019 во 13:31:37 часот | Македонија

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, објави статус на својот официјален фејсбук профил во кој го коментира новообјавениот прислушуван разговор, каде се слуша нејзиниот глас.

Во новата аудио снимка, која датира од 2013 година, Шеќеринска зборува со тогашниот вицепремиер, Фатмир Бесими, и бара членовите на ДИК принципиелно да гласаат за победата на Андреј Жерновски на локалните избори во Центар. Шеќеринска вели дека снимката ја покажува разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.
Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти!“, напиша таа.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет