Заев се сретна со историчарите, пред утрешната средба со нивните бугарски колеги: Ќе бидеме силни пријатели со Бугарите, не се откажуваме од тоа!

Објавено на 14.10.2019 во 19:07:24 часот | Македонија

* Реклами

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на која беа присутни и претставници од Министерството за надворешни работи и Кабинетот на премиерот.

Денешните разговори, како што соопшти владината прес-служба, се во рамки на тековните консултации во однос на работата на Комисијата пред утрешната средба со нивните бугарски колеги во Охрид.

На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата. 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет