ПРАШАЊЕ ЗА МИЦКОВСКИ: Што ќе обновувате, во кој сектор земјава е полоша сега во 2019-та од тоа кај што беше во 2016-та?!

Објавено на 22.10.2019 во 16:06:15 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Што тоа Мицковски и бандата од белиот дворец ќе обновуваат во земјава?!?!
 
Во кој сектор земјава денеска во 2019-та е полоша од тоа што беше пред 3 години?!
 
Ајде да почнеме со ред, да одиме сектор по сектор.
 
* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Инфраструктура. Па земјава е како едно големо градилиште, рикаат багери од Табановце до Богородица од Деве Баир до Дебар. Се поправаат грешките на ВМРО, се прават нови проекти, се обезбедуваат грантови во стотици милиони евра од пријателска Европа...

 Медуми. Слобода на говор, слобода на мисла, нема државин пари во медиумите, нема режимска пропаганда, сите идат на дебати и на критички интервјуа, земјава наликува на една фина демократија.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Земјоделие. Субвенциите се покачени и се даваат на време, се решаваат проблемите во сите области, се прават обештетуваат сите кои претрпеле штети итн...

Здравство. Венко Филипче секој ден отвора ново болници или реновирани делови од Клинички Центар а во исто време при крај се подговотовките за стартот на изградбата на новиот клинички центар вреден 500 милиона евра. Аптеките веќе немаат квоти. Растат платите во здравството. Се купува нова опрема.

Образование. Се покачуваат платите на професорите, се укина екстрерното кое беше голем стрес за сите, се извадија од долговои општините кои сега ќе можат да инвестираат повеќе во школите, се реновираат безброј школи.

Деца. Се градат многу градинки што е голем успех на оваа влада, се враќа вакцинацијата во нормални рамки како борба против многу заразни болести, се дава детски додаток на нови 50 000 деца на кои не им се даваше досега.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Социјала. Зголемена е социјалната помош на 200е, зголемена е минималната плата на 250 евра, зголемена е просечната плата. Децата од сите големи затвори и казамати се однесени во мали групни домови. Се дава детски додаток на 50 000 деца. Зголемен е бројот на бездомници кои се згрижени во прифатниот центар во Скопје.

Укината е радио дифузна такса, воведена е ефтина струја, невработените добиваат грантови за самовработување.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Правосудство: Сменети се Зврле и Јово Превара, Сваровски Судството не е сменето но е намалено драстично, правдата сега е на дофат за сите и сите се мета на законот и редот, нема луѓе над законот!

МВР и ДБК: Веќе не се прислушкува, се вработува стручен кадар, безбројте неписмени со лажни дипломи се избркани од работа. Полицијата доби нова опрема и нови полициски станици.

Финансии: Сопрена е спиралата на задолжување, зголемена е наплатата на даноци, не се краде масовно, домаќински се работи, не се крка по ресторани и хотели на народна сметка, не се фрлаат пари за врби и споменици.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
Меѓународна политика: Овде не вреди ни да се збори, од слепо црево и заробена држава станавме ѕвезда на балканот и цела Европа се бори за нас и не фали...
 
Безбедност и меѓу етнички односи: Со тоа што ги решивме сите проблеми со соседите и што го имплементиравме рамковниот договор до крај тука се мисли на законот за двојазичност, земјава е многу безбедна. Практично сме влезени во НАТО и со тоа нашата безбедност е бетонирана.
 
Економија: Со подобрувањето на безбедноста и интеграциите и редица на други мерки, економијата оди нагоре со стапки од 3% кои не се доволни но се очекува конечно да ги стигнеме оние стапки кои ќе значат големо подобрување на животниот стандард, значи стапки од 6 до 10%!
 
Екологија: Оваа влада најмногу направи на темата екологија, се делат 10 000 инвертери, се делат уште толку печки на пелети, се носи парното и гасот до сите градови и села, прави промена на начинот на греење на поголемите државни институции, ќе се ставаат филтри на РЕК, а во најава е и 90 милиона евра вреден колектор на реката Вардар со што тој пак ќе биде погоден за пливање по речиси пола век пауза поради загадувањето.
 
Демократија, изборен процес: Што да се каже овде, владата на Заев и даде на опозицијата 2 милиона евра од буџетот за да се финансираат?!?!??!?! Ако на ова го додадеме медиумскиот сектор кој е целосно слободен но и независносто судство и обвинителство тоа значи дека демократијата царува!
 
Администрација: Овде е најмалку направено ама пак има подобрување со самиот факт дека не се влечат буџетари како стока по митинзи со списоци и сендвичи со шунка!
 
Можеби остана некој сектор кој што не сме го покриле, но како и каде мисли Мицковски да прави обнова кога земјава е во сите сектори неколку скалила на подобро ниво од 2016-та година кога тие беа на власт?!?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија