ТРЕНДАФИЛОВ: Боље сретна нова, него несретна стара

Објавено на 22.10.2019 во 21:49:33 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

Љубителите на стрипот бездруго знаат за кого станува збор на фотографијата која ја злоупотребувам наместо наслов!

Иако и досега сме се нашле како земја во ситуација која како да е некоја епизода од „Алан Форд“, последниве 48 часа се исполнети со филмска брзина, драма, малку трилер и многу мелодрама!

Прво, домашнава не толку симпатична ТНТ група, заеднички се согласи во интерес на личната безбедност, да ужива во „францускиот бакнеж“ без контакт со „партнерот“, благодарение на шефот на државава кој побрза да ги собере пред да им текне нешто друго. Ова е веројатно инспирирано од Вуди Ален!?

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Разбирливо, премиерот како непоправлив оптимист пред оставка (по Нова Година) побрза вестите да ги сподели прво со својата не помалку оптимистичка коалиција. И се разбира, иако без очекуваниот ентузијазам, сепак оптимистички климнаа со главите – Личниот контакт не е нужен, мудро заклучија!

Да не биде покусо, не помалку оптимистичкиот Прв опозиционер, го направи истото со својата не помалку оптимистичка коалиција. Веројатно да не ги зборува народот, си го сменија името.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Некако највозуден и необично креативен се покажа лидерот на ДУИ. Нему не само контакт, нему и партнер не му треба!? Ова е нешто со отуѓувањето веројатно, но повеќе има врска со Карл Маркс, отколку со Вуди Ален.

И така растеретени, во духот на горе договореното, следниот ден го донесоа Законот за Државниот Инспекторат за јазици, да се озакони забраната за употреба на јазици!

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Но, тоа не е се! Ние, народот, граѓаните, заедниците, паствата ем стадото, не знаевме дека во тие моменти, заменик Министерот за Надворешни веќе бил во воздух. Иако за вицепремиерот Османи сонцето изгрева на Запад, нашиот заменик летна на Исток, на крунисување на новиот император на Јапонија. И да, некаква служба соопшти дека ќе го поздрави и во наше име!

 

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

И таму некаде пред стемнување, колку да не остане неспомната, министерката за одбрана од еден од градовите на Првата Пушка – ова веројатно е од Чарлс Дикенс – безнадежно оптимистична како што ја дал Господ, извика – Безбедно Небо за 50 денари! Безбедно Небо за 50 денари!

А кога ќе помислам, само вторник е денеска!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет