Европарламентарците против Макрон: Не е толку голем и не е толку Европеец

Објавено на 22.10.2019 во 23:27:40 часот | Македонија

Лидерите на најголемите политички партии во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката на ЕУ за одложување на почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан, пред се со Албанија и Северна Македонија. Тие алудираат на нови чекори со цел да се доближиме на евроинтеграциите.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„На Балканот владее нестабилност, а ние можевме да внесеме доза на стабилност бидејќи тоа е наша одговорност“ – предупреди лидерот на Европската народна партија во Европскиот парламент Манфред Вебер.

Тој во текот на дебатата оцени дека ниту Албанија ниту Северна Македонија не ја добиле перспективата која ја заслужиле.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Баравме многу од тие земји, а сега вратата им ја затворивме пред нос.  Ги губиме кредибилитетот и тоа е серизоно.“ – порача Вебер.

Тој укажа и на фактот дека сите лидери кои доаѓаат од конзервативните европски партии на самитот во Брисел дале поддршка за проширување и дека единствено францускиот премиер Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте (кои и двајцата припаѓаат на либералната опција) биле „сами против сите“.

Гарсија Перес од европските социјалдемократи оцени дека проширувањето може да донесе „нов живот“ во ЕУ.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Воведувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе донесе стабилност не само за регионот туку и за цела Европа.“ – смета Перес.

Лидерот на Европските либерали, Дачијан Цилос, вели дека проширувањето мора да остане во срцето на политиките на ЕУ.

„Не можеме да замислиме силна Европа, а таа да не биде отворена кон соседите, особено кон оние кои веруваат во неа можеби и повеќе отколку што веруваат некои земји членки. Европа мора да остане мотор на демократските реформи, а нејзината врата да остане отворена“, рече Цилос.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Претставниците на Европската зелена партија директно го обвинија францускиот лидер за блокирање на европските перспективи на земјите од регионот. Филип Ламберт од Европските зелени потсети како сите се изразувале кога Макрон победил на изборите во Франција во 2017.

„Ако се сеќавате, го поздравивме Макрон како голем Европеец. А како проаѓа времето сфаќаме дека и не е толку голем и не е толку Европеец“, порачува Ламбертс.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет