ЦЕЛА ЕВРОПА БИЕ БИТКА ЗА НАС: Европскиот парламент со вонредна резолуција за отворање преговори со Македонија!

Објавено на 23.10.2019 во 09:44:13 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Фото: news.err.ee

Европскиот Парламент денеска на дневен ред на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за членство со ЕУ за Македонија и Албанија.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Европскиот Парламент веќе се изјасни дека Скопје и Тирана треба да ги започнат пристапните преговори со Унијата, а вонредната резолуција доаѓа откако ЕУ не успеа да постигне консензус на последниот самит, пред сѐ поради противењето на Франција.

Резолуцијата треба да се најде на дневен ред на седницата во Стразбур, а дебатата ќе се одржи попладнево.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Европскиот Парламент би требало да истакне дека жали поради одлуката на земјите членки да го блокираат стартот на преговори со двете земји. Во верзијата на Социјалдемократската група се критикува „улогата на претседателот на Франција и други земји членки во овој поглед“.

Пратениците се очекува да им посочат на земјите членки дека Советот треба да понесе одговорност за одлуката, да се однесува согласно сопствените заложби и да се држи до принципот на сопствени заслуги во оценувањето на земјите кандидати.

Предложените амандмани предвидуваат да ја поздрават „одлучноста на Северна Македонија да продолжи да напредува во реформската ЕУ агенда“ како и силно да ја пофали „позитивна дипломатија на Северна Македонија“, посебно во однос на билатералните договори со Грција и Бугарија. 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Осуда на француското вето

Жестоки критики се слушнаа во Европскиот парламент поради ветото на францускиот претседател Емануел Макрон на самитот на ЕУ. Осудата стигна од повеќе фракции во парламентот.

Како што пренесува Дојче веле, првиот човек на парламентарната фракција на конзервативците во Европскиот парламент Манфред Вебер пред пленумот на Европскиот парламент во Стразбур, Вебер оцени дека се работи за историска грешка и голем удар за веродостојноста на ЕУ.

„Овие земји мора да добијат европска перспектива“, рече Вебер, кој инаку беше и водечки кандидат на европските конзервативци на изборите за парламентот на ЕУ. Тој директно ги обвини францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте дека се спротивставувале на одлуката за двете балкански земји.

Критики за одлуката дојдоа и од групата на европските либерали на која и припаѓа и партијата на Макрон. Дачијан Цилос рече дека не може да се замисли силна Европа, а да не е отворена кон соседите, посебно кон оние кои веруваат во неа можеби и посилно отколку некои земји членки.

Најостри во критиките кон Макрон беа од групацијата на Зелените

„Емануел Макрон го поздравивме како голем Европеец. Но како одминува времето, сфаќаме дека не е ниту голем, ниту Европеец“, рече Филип Ламбертс од Зелените.

Поддршка, Макрон доби од Групацијата на конзервативци и реформатори. Холанѓанецот Дерк Јан Епинг му се заблагодари на францускиот претседател за блокадата и затоа што не дозволил повторно да влезат земји „како Романија“ во ЕУ.

И претседателот на ЕК во заминување, Жан Клод Јункер уште еднаш ја критикуваше одлуката. ЕУ остава впечаток дека дава ветувања кои потоа не ги исполнува, рече Јункер пред парламентот.

 

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

И претседателот на Европскиот совет во заминување, Доналд Туск повтори дека одлуката е погрешна.

„Јас верувам дека одлуката беше погрешна и отворено и директно им го кажав тоа на лидерите. Се надевам дека лидерите ќе се навратат на ова прашање пред Самитот во Загреб, во мај идната година“, рече Туск пред пратениците.

Одлуката на ЕУ одново ја критикуваше и словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар во интервју за агенцијата Асосиејтед Прес.

„Го загубивме кредибилитетот и сега последиците можат да бидат многу тешки“, предупреди Церар.

„Знаеме дека регионот на Западниот Балкан не е стабилен. Постојат различни интереси во регионот, кои, секако, доаѓаат од многу силни држави“.

„Оттука, ЕУ мора да стори се што може за да го прифати регионот, да продолжи со процесот на проширување и да ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно побрзо“, вели Церар во разговорот за АП.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет