Блиц: Трамп и понудил на Србија инвестиции од најголемите светски компании доколку Белград го признае Косово

Објавено на 24.10.2019 во 11:57:41 часот | Балкан

Соединетите Американски Држави му понудиле на Белград да постигне договор со Приштина за конечниоот статус на Косово, а за возврат да биде организирана голема инвестициона конференција преку која би биле донесени најголемите светски компании кои би инвестирале во Србија,

Белградски,, Блиц” наведува дека оваа идеја на Трамп засега нема одобрување во српскиот државен врв.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Вашингтон, тврди весникот, по секоја цена сака брз одговор од Белград и Приштина, за предлозите кои недоамна беа дадени од спецјалниот американски пратеник Ричард Гренел кој оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовските официјални преставници.

Заега не е познато кои биле предлозите на Гренел, но според досегашниот курс на администрацијата на Трамп, познато е дека Вашингтон сака по секоја цена да го затвори косовското прашање , притоа не исклучувајки ја и опцијата да дојде до одредена демаркација на границата и размена на територии.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

loading...

 

Балкан

Македонија