На браќата Срби памет не им иде, поради блискоста со Русите ја изгубија и Краина во Хрватска, и Косово, беа бомбардирани жестоко, Република Српска им се клати во Босна а уште малце ќе им се откинат и Војводина и Санџак и Прешево, Медвеѓа и Бујановац

Објавено на 26.10.2019 во 11:20:56 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Народот вика што си се фатил како пијан за плот, а таа изрека гео-стратешки највеќе важи за браќата Срби кои се фатиле за Русите и не се пуштаат иако токму тој потег им нанесе најголеми штети од историјата на постоењето на овој народ на балканот...

Ја изгубија Краина во Хрватска, го изгубија Косово, беа жестоко бомбардирани, го изгубија и Сараево кое беше пола Српско, Република Српска им се клати во Босна и секој момент може да биде укината, прашање е кога ќе им се отцепат и Санџак и Прешево Медвеѓа и Бујановац...

И Војводина се нешто се буни и бара независност...

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ако ја прошириме анализата може да кажеме дека ги изгубија и Македонија и Црна Гора како зона на интерес каде Србите вечно владееле индиректно преку влијание или директно преку српска управа...

Со еден збор, од најголема земја на балканот која дрмаше од Книн до Унгарска Граница сега се сведоа на еден Белград и Земун до Ниш и толку...

И уште памет не им иде, пак се фатиле за Русите како пијани за плот па уште и нас ни делат совети и ние да сме тргнале по нивни пат...

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не фала браќа Срби, терајте вие кај сте тргнале и сеќан ви пут!

Цел свет се врти кон САД и ЕУ, таму е силата таму е моќта, а кај што е силата таму е и просперитетот.

Со Русија останаа да бидат само мали жални диктатури кои од нив земаат оружје за да го поробуваат својот народ и да се закануваат на соседите за да западот не ги менува диктаторите.

Ако е тоа визијата за Србија во иднина, ок нека ви биде!

Србите не разбираат дека кога ќе се прогласиш за мегдан за тепачка меѓу големите сили тогаш ќе наебеш гадно, па во Србите неправедно ја изгубија Краина и Косово, но тоа беше цената што ја платија со тоа што се прогласија за зона на Руско влијание и моќниот Чичко Сем мораше да дејствува за да ги заштити своите глобални стратешки интереси.

 

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Многу земји неправедно настрадале затоа што имале за соседи кои биле поголеми пријатели на САД, видете што се случува во Палестина на пример, за жал во студената војна Арапите ја избраа страната на СССР и гадно настрадаа затоа што Израел е буквално како 52-ра сојузна драва на САД и го имаат најновото оружје многу пари многу дипломатска и медиска поддршка и се им се може...

Албанците исто така одамна разбраа дека ако си близок со САД можеш да си ги реализираш вековните соништа. Ако одите во Америка и влезете во некој ресторан каде газда е Албанец, мене тоа ми се случи во Бостон со ресторанот Пјер 4, најскап рибен ресторан на пристаништето, ќе видите слики како биле поканети и почестени најголемите политичари во САД, Бил и Хилари Клинтон, Реган, Кенеди, Картер, Буш постариот и помладиот, легендарните дипломати Медлин Олбрајт, Бжежински, Кисинџер...

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Само Србите не разбраа дека целта на малите и средно големи земји е да се врзат со САД или Германија како што направија Словенија и Хрватска, инаку ако го погрешиш коњот на кој се кладиш, гадно ќе наебеш, и они упорно се кладат на истиот коњ кој стално губи...

 

 

* реклами:

loading...

 

Колумни

Македонија