ЛУДАТА ТЕЗА НА ГЕРО И МИЛЧИН: СДСМ не успеа да ја пикне мафијата во затвор, затоа да ја вратиме мафијата на власт!?!?!

Објавено на 25.11.2019 во 17:21:23 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

СДСМ имаше само 49 пратеници во собрание. Со толку пратеници, толку музика.

Факт е дека СДСМ не успеа ефективно и комплетно да ја пикне мафијата во затвор, туку само мал дел заврши таму, дел избега, дел уште  е во судница а голем дел ниту е обвинет.

Но тезите кои сега ги шират Геро и Милчин во своите јавни настапи и колумни е поради ова наместо на СДСМ да му дадеме 59 или 69 пратеници за конечно мафијата да биде поразена, они заговараат СДСМ да ги казниме и мафијата да ја вратиме на власт?!!?!!?!

Па колку е оваа луда теза?! Во ова нема да се уловат и налите деца а камо ли пак оние кои имаат мозок во главата.

Секако има разни ВМРОНИ и проста раја што ќе се фати на оваа јадица, но нема да биде тоа доволно.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Замислете тезата пак на ВМРО ДПМНЕ со која ќе излезат на следните избори е дека еден мафијаш, Боки, со помош на една забегана обвинителка, го рекетирал друг мафијаш, Орце и затоа треба да го казниме СДСМ кој се бори против ВМРО ДПМНЕ кои го покрадоа народот!?!? И да ги вратиме на власт за да го докрадат народот и да ги ослободат од прогон оние кои требаше одамна да бидат во затвор затоа што исто така го покрадоа народот?!?!

Па колку е оваа луда теза исто така?! Тоа ќе бидат носечките тези на следните избори.

Неутралците како Геро и Милчин ќе заговараат да ги казниме СДСМ затоа што биле благи со мафијата и не донеле правда и мир, а пак тезата на ВМРО е дека народот треба да го казни СДСМ затоа што еден криминалец крадел од друг криминалец?!?!

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Додека земјата оди полека но сигурно кон ЕУ и НАТО, додека земјава иде напред во речиси сите полиња, кога растат плати, земјата е непрепознатлива од аспект на демократија, медиуми, безбедност, слободи, транспарентност на институции итн итн итн...

Ако народот успее да погреши и овој пат и да падне на овие смешни тези, тогаш овој народ и заслужува власт како ВМРО ДПМНЕ со Мицковски кој е само пион на Грујче од Будимпешта.

 

 

* реклами:

loading...

 

Колумни

Македонија