МИХОВ (ГДУ): НАШАТА ПАРТИЈА УСПЕА ДА ЈА РАЗБУДИ СВЕСТА НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ШТИП ЗА ГОЛЕМ БРОЈ ПРОБЛЕМИ ВО ГРАДОТ

Објавено на 25.11.2019 во 23:33:32 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Како што ветивме пред точно една година дека ќе се залагаме за решавање за сите проблеми на граѓаните како на локално така и на национално ниво, така и направивме.

Би сакал да го споменам расчистувањето на отпадот во населбата Баби,  нешто што беше загрижувачко по здравјето на локалното население.

Благодарение на нашата партија успеавме да ја разбудиме свеста на локалната власт која успешно се справи со овој проблем. Ист е случајот со делумно санирањето на колекторската цевка во Ново Село, а бидејќи и овој проблем делумно се реши после повеќе наши пресови и интервенции поради кои власта превзеде мерки за нејзино решавање.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Не смееме да го заборавиме ниту поставувањето на мостот на реката Брегалница, бидејќи за негово решавање голем удел има токму Граѓанско Демократската Унија“,

изјави потпретседателот на ГДУ-Штип, Марјан Михов за време на прославата по повод една година од отворањето на локалниот клуб на партијата во градот под Исарот.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет