ФАКТОР: ЧИФЛИГАНЕЦ ПРОДОЛЖУВА ДА КУПУВА АКЦИИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА, ИАКО ЗАСЕГА Е НАЈГОЛЕМ ПОЕДИНЕЧЕН АКЦИОНЕР СО 11% УЧЕСТВО

Објавено на 27.11.2019 во 12:27:16 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Дознаваме дека годинава дивиденда во оваа банка ќе биде 500 денари

„Адора Инженеринг“ продолжи да го окрупнува своето учество во акционерската структура на „Комерцијална банка“. За пократко од еден месец во два наврати оваа компанија вложи над 1,9 милиони евра во акции на најголемата домашна банка и сега поседува 11,11 отсто од акциите со право на глас

Домашната градежна компанија „Адора Инженеринг“ на берза во два системски блока плати по 100 евра (6.050 денари пазарна цена н.з.) за акции со право на глас во „Комерцијална банка“, објави берзата. Станува збор за инвестиција од 521.380 евра во акции со што фирмата на Ванчо Чифлиганец, која и досега беше најголем акционер сега поседува до 11,11 отсто од акциите со право на глас во „Комерцијална банка“.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Оваа активност на Чифлиганец во понеделникот на 25 ноември ја крена цената на акцијата на „Комерцијална банка“ до 6.200 денари, а вчера таа се намали и се тргуваше до ниво од 6.100 денари за акција. Ова е втора акција за докупување акции во „Комерцијална банка“ на „Адора Инженеринг“ во период пократок од еден месец. Кон крајот на октомври „Адора Инженеринг“ ДООЕЛ вложи 1,4 милиони евра во акции со право на глас во најголемата македонска банка „Комерцијална банка“. „Адора“ која и досега е најголем поединечен акционер во оваа банка со новостекнатите акции ќе поседува 10,76 отсто од управувачките права врз банката. Овие 15.191 акции „Адора“ ги купи на пазарна берзанска цена од 5.650 денари за акција. Потврдата за оваа трансакција дојде денеска преку соопштение за јавност што до Македонска берза го објави „Комерцијална банка“.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Што си купи Чифлиганец?

„Адора“ од втората третина на март до почетокот на јули лани вложи околу 10 милиони евра во акции. Многу позитивен преседан во македонската корпоративна историја е тоа што „Адора“ купува акции по пазарни цен на Македонската берза за хартии  од вредност. Не доминираа договорени блок трансакции по однапред утврдени цени како што сме гледале досега во повеќе наврати во минатото тргување со различни акции на нашиот пазар. Влезот на „Адора“ и на неколку други компании во „Комерцијална банка“ ги зголеми очекувањата на продавачите на акции и пазарната цена на таа акција почна да расте. Од 3.700 денари во втората третина на март до 5.500 денари во втората половина на јуни. „Адора“ ги следеше пазарните цени и купуваше акции. Продолжи да го зголемува своето учество во акционерската структура и покажа сериозен пристап и континуитет во купувањето.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

За да добиеме подобра слика за тоа во што вложува Чифлиганец ќе ги изнесе најважните јавно достапни податоци за пазарната позиција на „Комерцијална банка“:

– „Комерцијална банка“ поседувa над 20 отсто од целата актива на македонскиот банкарски пазар;

-нејзиниот капитал и резерви се 20 отсто од целиот банкарски систем;

-„Комерцијална банка“ држи над 25 отсто од сите депозити на нефинансискиот сектор во Македонија;

– „Комерцијална банка“ има 11 филијали и 57 експозитури во Македонија;

-„Комерцијална банка“ има деловни односи со 667 банки во 37 земји во светот;

-Депозитите на коминтенти (освен банките) изнесуваат 1,48 милијарди евра

-Комерцијална банка поседува 49 отсто од „Прво пензиско друштво“ фирмата која управува со половина милијарда евра пари на идните пензионери;

-„Комерцијална банка“ поседува 64 отсто од „КБ Публикум“ друшто во кое управува повеќе од 50 милиони евра вложени во финансиски инструменти и во депозити

Р.Ф.

*Фактор портал поседува 100 акции во Комерцијална банка

 

 

loading...

 

Македонија

Свет