Општина Чаир ќе додели 12.000 евра помош за Албанија, исто толку ќе даде и Кичево, Гостивар 1,1 милион денари, Дебар 300 000 денари, Тетово прати 25 тони храна и облека

Објавено на 27.11.2019 во 16:50:34 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Општина Чаир ќе додели 720.000 денари (12.000 евра) финансиска помош за погодениот регион од земјотрес во Албанија, одлучи денеска на вонредна седница Советот на Општина Чаир.

-Освен оваа финансиска помош, денеска собираме и потребни материјали кои во текот на денот ќе бидат испратени во  Драч и неговата околина, како што се: ќебиња, медикаменти, прехрамбени пакети, млеко за деца, хигиенски средства, опрема и средства за отстранување на урнатини и друго, информира градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, заблагодарувајќи им се на советниците за брзата мобилизација.

Од општината информираат кон хуманитарната иницијатива за обезбедување помош се придружиле многу домашни компани како: Ефтинија Импекс, Херба, Луто Комерц, Хост МК, Баст Тути Фрути, Буши Ресорт и Риа Transfer Money.
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

– Се надеваме дека оваа мобилизација ќе биде мотив многу компании да се приклучат и да помогнат, велат од општината.

Советот на Општина Кичево, синоќа на вонредна седница на предлог од градоначалникот на Општината Фатмир Дехари, донесе одлука за доделување 12.000 евра во денарска против вредност помош за настраданити од земјотресот во Албанија.

-Советот на Општината во координација со грдоначалникот Дехари донесе одлука да им се помогне во склад со нашите можности на настраданите во земјотресот во Република Албанија со 12.000 евра во денарска против вредност, рече преседателот на Советот Аќиф Мехдиу, кој при тоа изрази благодарност до сите присутни советници на седницата кои едногласо од сите советнички групи ја изгласаа оваа одкука.

Воедно, на седницата е одлучено денешниот ден (27 ноември) да биде прогласен за ден на жалост во Општина Кичево, за жртвите од земјотресот, поради што сите планирани манифестации од забавен карактер за денеска ќе бидат одложени, информираат од службата за односи со јавноста во Општината.

Во знак на солидаризирање и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч и регионот во Албанија, Советот на Општина Дебар денеска одлучи да додели финансиска помош во висина од 300 илјади денари.

Висината е определена според можностите на локалната самоуправа.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Советот воедно одлучи воедно денеска да биде ден на жалост во општина Дебар за загинатите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

Градоначалникот Хекуран Дука најави и можност во Драч да се испрати екипа на територијалната противпожарна единица од Дебар за што веќе е доставено барање и се очекува повикување од страна на албанските надлежни власти.

На седницата советниците се информирани и за активностите на граѓанските здруженија за собирање помош за настраданите во Албанија.

Советот на општина Гостивар изгласа одлука за доделување на еден ипол милион денари како помош за настраданите во земјотресот во Република Албанија.

Одлуката за издвојување на средства од општинскиот буџет беше донесена едногласно на вонредната седница на советот.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Гостиварската општина, во знак на солидарност со жителите на областите кои беа погодени од земјотресот во соседна Албанија, организира хуманитарна акција за помош за прибирање на материјална помош.

Во повикот на локалната самоуправа се наведува дека граѓаните може да донираат медицински препарати, прехранбени производи како конзервирана храна, брашно, шеќер, сол, масло, ориз, средства за хигиена, ќебиња, душеци, перници и шатори за привремено сместување.

Донациите ќе се прибираат во објектот на Територијалната противпожарна единица во Гостивар во текот на денешниот ден и утре (27 ноември и 28 ноември) до 12 часот.

Од општината информираат дека тим од пожарникари веќе е испратен да се приклучи во пружањето помош во околината на Драч и испратени 300 ќебиња. Формарано е посебно тело кое ќе биде во контакт со властите во Албанија и според потребите ќе се испраќа помош.

Во знак на сочувство со трагедијата која настана по непогодата, знамињата во Гостивар се спуштени на половина копје, а локалната власт ги откажа настаните по повод Денот на албанското знаме и другите прослави за денес и во наредниве два дена.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

loading...

 

Македонија

Свет