ОТВОРЕНО ПИСМО ДО СУДИЈАТА ПАВЛИНА ПОПОСКА, СУДИЈА ВО СУДСКИ СПОР ЗА МОБИНГ КАДЕ ТУЖЕН Е РЕКТОРОТ НА УКИМ ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ

Објавено на 27.11.2019 во 18:05:00 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Почитувана судија Попоска, 

Како што Ви е познато бевте назначен судија во  судскиот спор што го водев против ректорот на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје- предмет РО-3449/18. За време на траењето на судскиот спор од  страна на тужениот во постапката, ректорот Јанкуловски, извршена е хирушка интервенција врз Вашиот сопруг. Заради остварување на моето законско право за  непристрасно судење и еднаков третман на странките во постапката до Претседателот на Основниот граѓански суд Скопје поднесов барање за Ваше изземање, мотивирана од Вашите постапките во текот на судскиот процес, согласно член 66 став 5 од Законот за парничната постапка, бидејќи Вие самата не побаравте изземање согласно член 64 став 6 според кој судија не може да врши судска должност доколку постои околност што ја доведува во сомневање неговата непристрасност. 

Поради природата на податоците за докажување на судирот на интереси на судијата кои не можев лично да ги обезбедам, поднесов претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), како надлежна институција за утврдување на судир на интереси, која  ја доставив во прилог на барањето за Ваше изземање до претседателот на судот, во кое замолив да биде запрена постапката се до утврдувањето на постоење или непостоење на судир на интереси на судијата од страна на ДКСК.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Од решението со кое е одбиено барањето за изземање на судијата може да се потврди Вашата изјава дека на 13-ти април- сабота кога Вашиот сопруг бил примен на клиниката хирушката интервенција е извршена од проф. д-р Никола Јанкуловски, кој тој ден бил дежурен лекар. Лично сметате дека не постои судир на интереси бидејќи на 13.04.2019 година кога Вашиот сопруг поради сериозно влошена здравствена состојба бил префрлен на клиниката, дежурен лекар бил проф.Јанкуловски и Вие  не сте биле во состојба да бирате или да одбивате лекар.

На 22.10.2019 година кога го закажавте објавувањето на пресудата, Вие не бевте во судот, поради посета на обука, ниту ја презакажавте објавата, а пресудата со која го одбивате моето тужбено барање ми е доставена преку адвокатот на 18.11.2019 година. 

Во меѓувреме, ДКСК постапувајќи по поднесената претставка од моја страна доби известување од Клиниката за дигестивна хирургија дека проф. Јанкуловски не бил дежурен тој ден, а и не бил на листата на дежурни лекари за месец април 2019 година. Врз основа на обезбедените информации и документи по наводите во претставката ДКСК е на мислење дека  доведен е во прашање интегритетот и независноста на судијата и постои влијание на приватните интереси врз непристрасното вршење на јавните овластувања. Поради тоа ДКСК го доставила предметот до Судскиот совет на РСМ, кој е надлежен да ја следи и оценува работата на судиите, на новно надлежно постапување

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Почитувана судијо, 

  • При давање на исказот пред претседателот превидовте ли дека ДКСК преку доставената евиденција  од Клиниката за дигестивна хирургија ќе утврди дека проф. Јанкуловски не бил дежурен тој ден, што е согласно член 217 од Законот за здравствена заштита дека  докторите со навршени 59 години старост не дежураат;.

  • Дали превидовте дека ова упатува на лажен исказ на судијата односно дека сте оствариле лични контакти со  тужениот во време на судскиот спор, за да тој биде присутен на клиниката на 13.04.2019-сабота?

  • Дали се пресметавте со сите ризици и последици од одлуката на   Судскиот совет каде што ДКСК го има доставено предметот за натамошно постапување?

 реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Јас секогаш сум ја почитувала и ја почитувам приватноста на луѓето, се дури таа приватност не задира во правата на другите. Ако оваа околност не влијаела на Вашата непристрасност тогаш :

  • Дали случајно или намерно не ми дозволивте сама да си изберам 3 од предложените 5 сведоци?

  • Дали од избраните сведоци намерно или не избравте двајца кои не се присутни во Ректоратот за да од таа причини заклучите дека нивните искази не се од значење?

  • Од кои причини на  тужениот му прифативте дополнително уште два сведока, кога веќе имаше предложено еден сведок? 

  • Зошто му дозволивте на сведокот на тужениот да биде присутен на рочиште на кое започна претрес и не го отстранивте од судницата?

  • Дали кога тужениот требаше да даде исказ го закажавте рочиштето во среда кога тој оперира и одбивавте да одредите друг термин со образложение дека тој Ви е единствен термин за да го оправдате прифаќањето на писмен исказ?

  • Дали поради непристрасност ги насочувавте сведоците на тужениот?

  • Дали поради непристрасност на едниствениот мој сведок кој бил присутен во Ректоратот не му дозволивте да каже ниту една реченица до крај, без да го прекинувате?

  • Дали поради непристрасност повишувавте тон на мојот адвокат и баравте од него образложение за секое поставено прашање до сведоците на тужениот?

  • Дали поради непристрасност приговорите на тужителката никогаш не ги внесувавте во записник? 

  • Дали поради непристрасност не ја оставивте тужителката да се искаже и постојано ја прекинувавте?

  • Зошто чекавте да излезе новинарот од судница па вербално да ме напеднете дека Ви вршам притисок, па дури и дека самото мое присуство на рочиштата Ви создава притисок?

  • Дали Ви пречеше моето присуство затоа што бев сведок на Вашите постапки во текот на судските рочишта кои никој немаше да може да ми ги прераскаже?

  • Дали барањето на моето законско право за правично судење е притисок?

  • Зошто доколку навистина сум Ви вршела притисок не се поштедивте со иззмање?

  • Зошто Вие имате право на свој став дека немате судир на интереси во постапката, а јас немам право да го мислам спротивното?

  •  Дали и ДКСК нема право да утврдува постоње на судир на интереси?

  • Дали е допустиво и непристрасно судија да си дозволи вербален испад и отворено да покажува нетрпеливост кон странка во постапка?

  • Дали поради непристрасност воопшто не сте пресудувала за двата тужбени наводи кои ја прикажуваат суштината на мобингот и воопшто не сте ги изнеле доказите по овие два тужбени наводи? 

  • Дали поради непристрасност сметате  дека тоа што тужениот не ми дозволувал да работам, не ми потпишувал службени документи по 6 месеци и не ми давал документи за спроведување на ревизијата е одлучување за права и обврски од работен однос или повремени разлики во мислењата?

  • Дали поради непристрасност сте пресудиле дека дописите немаат дискредитирачка и навредувачка содржина туку се укажувања од страна на тужениот дека тужителката е должна совесно, професионално и објективно да ги извршува работните задачи?

  • Дали непристрасно врз основа на доставени докази од тужениот констиравте дека тужителката објективно не работела совесно, професионално и објективно ? 

  • Врз основа на кој документ кој не е изнесен од ниедна страна во спорот заклучивте дека тужениот сакал да ми ја исполни желбата да не работам во Ректорат, па ми понудил „размена„, па не сте можеле  да утврдите дека тужениот ми вршел притисокот за напуштање на работното место?

  • Дали поради непристрасност не Ве интересираше отказот како краен резултат на дејствијата на мобинг? 

  • Дали било субјективно и моето чувство дека сум статист во претстава  чиј исход однапред е познат како што субјективно и емотивно сум ги доживувала укажувањата од ректорот како што заклучувате во пресудата  или е реално? 

  • Со кое право си дозволивте да не ја прикривате пристрасноста во текот на судската постапка и да ја навредувавте мојата интелигенција?

  • Со кое  право отворено ја изразивте  својата нетрпеливост кон мене , заради тоа  што се борам за моето право?

  • Со кое право судите на овој начин во име на граѓаните на РСМ?

 

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

И покрај се непоравливо верувам дека правдата и вистината секогаш излегуваат на виделина затоа што  знам дека се уште има судии кои држат до својот интегритет и професионалност. Белки сите судии не се пациенти на Никола Јанкуловски.    

Тужител во постапката за мобинг 

Лилјана Попчева

 

 

loading...

 

Македонија

Свет