БРАВО ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: Прва тартан патека во Градскиот парк

Објавено на 28.11.2019 во 14:30:42 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 

„Од денеска на скопјани им ја ставаме на располагање првата тартан патека на јавен простор, во Градскиот парк околу малото езеро. Патеката има кружна форма, долга е 534 метри и ќе послужи вљубениците во трчањето, оние што трчаат на Скопскиот маратон, но и рекреативците, да ја имаат вистинската подлога за нивната активност. Ако има интерес и увидиме дека граѓаните ја користат, градот Скопје планира ваква кружна патека да направи и околу големото езеро во Градскиот парк. Оваа патека е сместена на многу атрактивна локација, во еден од најживописните делови од паркот. Внимававме граѓаните патеката да можат да ја користат и во текот на ноќните часови, односно, таа е целосно осветлена“, рече градоначалникот Шилегов на денешната промоција на новата тартан патека во Градскиот парк.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Тој ги повика граѓаните да ја искористат оваа можност што ја нуди градот за рекреација и за поздрав живот и да ја користат оваа патека.

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Значајно е да се нагласи и дека сенките од околните дрвја ја штитат патеката од директните сончеви зраци, што ја прави атрактивна и за во летниот период кога многу граѓани го користат паркот за прошетки, одмор и рекреација. Околу тартан патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини - инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет