Рама: Вучиќ и Заев реагираа брилијантно околу земјотресот

Објавено на 03.12.2019 во 22:26:13 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Премиерот на Албанија, Еди Рама, им се заблагодари на сите страни кои понудија интернационална помош по силниот земјотрес во Драч и околината, при што загинаа 50 жртви и голем број на повредени при висока материјална штета.

На средбата со акредитираните амбасадори од земјите кои ја понудија својата материјална, финансиска и кадровска помош пред се им се  заблагодари на лидерите во регионот за помошта на Албанија во санирањето на последиците од силните земјотреси што ја погодија земјата.

– Не можам да најдам зборови за да искажам колку ни значеше таа поддршка … Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев … да не ги спомнувам нашите браќа од Косово. Брилијантно, рече Рама.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Тој посебно го истакна романскиот тим за спасување кој дошол во Албанија самоиницијативно.

– Прекрасно е да се видат луѓе од цела Европа, кои никогаш не стапнале во Албанија, кои немаат никакво познавање од албанскиот јазик, како ни искуство во ризикување на сопствените животи за непознати луѓе, рече албанскиот премиер.

Рама им се заблагодари на САД, другите европски земји, папата Франциск и Саудиска Арабија за нивната поддршка, истакнувајќи дека се извинува ако заборавил да спомне некого.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет