Премиере, ти дојде ли малце срцето на место, после неправдата од Макрон, сепак денеска во Лондон душата ни се наполни

Објавено на 03.12.2019 во 23:17:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Премиере, ти дојде ли срцето на место?

Во друштво на едни државници на земји џинови како кралицата Елизабета, Трамп, Макројн, Меркел, Ердоган, Трудо...

Нашето знаме се вее веднаш до британското и американското во сред Лондон...

Бреееј премиере, вредеше сета мака и сета битка што ја биевме со небањативе овде.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Издржавме и визијата стана реалност. Сонот се оствари.

Неправдата од Брисел ја ублаживме колку толку, ставивме мелем на рана.

Навистина е убаво чувството кога знаеш дека твојата земја е 30-та членка на најмоќниот воен сојуз на светот изминатите безмалку 100 години.

Е тоа е работата на еден политичар, тоа се вика си ја заработи платата.

Сега е почнат да доаѓаат странски инвестиции да рипаат платите да се крева стандардот.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Секако, ќе ни требаат 100 години да ја стигнеме Германија и Америка, но Словенија и Хрватска ќе ни бидат пак на дофат, како и Словачка, Чешка, Полска...

Се враќаме во живите премиере, а бевме отпишани одамна.

Честитки до тебе и до твојот тим премиере и фала ти за се што направи и правиш за нашата земја и за нас!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија