БОМБА НА ПЕНДАРОВСКИ: Макрон ми кажа дека нема намера да не блокира по втор пат

Објавено на 03.12.2019 во 23:22:01 часот | Македонија

Претседателот Стево Пендаровски во денешното интервју на ТВ24 изјави дека на тет-а-тет состанокот, францускиот претседател Емануел Макрон му кажал дека нема намера по втор пат да ја „исече“ Македонија во однос на датумот за отпочнување на преговори со Европската унија.

– Сигнал дека датумот за преговорите може да се реши во првите 5-6 месеци од хрватското претседавање со ЕУ, е тоа што Макрон рече дека сака да дојде во нашата земја, но дека ќе му биде многу тешко да го објасни тоа доколку не добиеме датум за преговори. Тој ми рече дека нема намера да не исече по втор пат. Тоа беше една позитивна реченица во поглед на отполнувањето на преговорите со ЕУ, вели Пендаровски.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет