Македонски автобус се преврте во Србија на патот за Копаоник, еден потешко повреден, а 11 патници полесно

Објавено на 07.12.2019 во 15:31:57 часот | Македонија

Македонски автобус утрово се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце, пренесуваат српските агенции.

Се дознава дека крајната дестинација на патниците бил Копаоник. Според првичните информации едно лице е потешко повредено, a неколкумина поминале со полесни повреди.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата.

ОБНОВЕНО: Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Северна Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС, пренесе МИА.

Според првичните информации, едно лице е тешко повредено и е пренесено во болница во Прокупље. Единаесет лица со полесни повреди и се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

– Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помогна на повредените и во тек е нивна згрижување, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега, не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет