НАУМОВСКИ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВО СЕЛО: Депонијата е отворена 2007 година. Скоро 13 години не се преземало ништо од ниедна власт, и централна и локална за таа да биде конечно решена.

Објавено на 07.12.2019 во 16:31:48 часот | Македонија

Депонијата е отворена 2007 година. Скоро 13 години не се преземало ништо од ниедна власт, и централна и локална за таа да биде конечно решена.

Досега, депонијата беше хаотично регулирана, меѓутоа, треба да се има в предвид дека од Ново село до Орман, Стопански двор, Кисела јабука, Волково, Пржина и Никиштани нема јурисдикција јавното претпријатие за комунална хигиена. Затекнат е договор за вршење концесија за собирање и транспортирање комунален отпад со приватник кој го направаила претходната локална власт со траење уште шест години кој го одлага домаќинскиот отпад во Дрисла.

Во моментов, јавниот приватен партнер има склучено 2.184 договори со домаќинства за одлагање смет. Вкупно домаќинства се околу 7.000 илјади во овој дел од Ново село до Никиштани.

Ако имаме во предвид дека секојдневно се зголемува бројот на домаќинства, остануваат околу 5.000 илјади кои никаде немаат договори за одлагање смет.

„Како градоначалник кој во овие две години од мандатот ги решава заостанатите децениски проблеми во Ѓорче Петров, искрено ги поддржувам граѓаните за денешниот протест, бидејќи јас самиот живеам во непосредна близина на депонијата и моите деца растат во исти услови како и нивните деца. Свесни сме за проблемот кој го имаме и го решаваме, но станува збор и за свест. Ги поддржуваме граѓаните кои се во право, но нека се запрашаат оние кои немаат склучено договор каде одлагаат смет“.

Големината на депонијата е 11 хектари. За овие две години, беа уредени 4 хектари со сопствени средства и со помош на компании кои одлагаа само земјен материјал со цел за култивизација на просторот.

Остануваат уште 7 хектари за кои за следната година Град Скопје има предвидено 10.000.000 денари и 5.000.000 милиони денари од општината за почеток на конечно решавање на депонијата после Нова година, во зависност од временските услови.

„Упатуваме апел сите домаќинства што немаат склучено договори да склучат во износ од 273 денари за да не се преземаат законски мерки за санкционирање“.
Во меѓувреме, ангажиран е дополнително уште еден чувар на депонијата, а не застануваат ни казните. Инспекциските служби во последните шест месеци имаат изречено 18 казни.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет