ГОРАН СДК ВО СВОЈ СТИЛ: Власта се менува. Пратениците се менуваат. Премиерите се менуваат. Ама за вакви историски пресврти како што е приемот во НАТО останува да се памети кој бил „за“ и кој бил „против!

Објавено на 07.12.2019 во 16:54:37 часот | Македонија

Христијан Мицкоски пушти орелски нокти само за да не помине Преспанскиот договор. Какви кампањи водеше, колку предавници измислуваше, што ли не направи за да не успее референдумот за промена на името што гарантираше влез во НАТО. Тој ги тераше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да стојат до ѕид во Собранието кога се гласаше промената на Уставот што гарантираше влез во НАТО. Какви притисоци им правеше на неговите пратеници што гласаа, им испраќаше луѓе да им протестираат пред домовите оти гласале за НАТО. Сами си се нарекуваат „северџани“ иако и НАТО и цел свет го признава постоењето и на македонски народ и на македонски јазик. И уште ќе бараат предавници, уште ќе се закануваат и уште и на следните избори ќе ветуваат дека ќе го сменат Преспанскиот договор со кој успеавме да влеземе во НАТО.

Тие сега велат дека ќе одат таму каде што Заев не го примале. Ќе ја спасуваат Македонија. Што ќе спасуваат? Од кого ќе ја спасуваат? Влеговме во НАТО. Со скршената глава на Заев, со амнестираните вратари од 27 април 2017, со избеганиот осуден криминалец Груевски, со судиите од тефтерчињата, со бојкотот на референдумот, со специјалната обвинителка обвинета дека ги рекетирала тие што ги истражувала, се избеганите обвинети за нелегалното прислушување,  сосе егзибиционизмот на Боки 13, сосе рекордното загадување, сосе ѓубрето, сосе старите и новите контејнери, сосе партизираната и мрзелива администрација, сосе клиентелистите што чекаат милост од партијата за да ги вработи „на државно“, сосе дивоградбите и хаотичното градење, со калта пред куќата на Перса и низ цела држава, со Александар и мадињата на Букефал, со гипсаниот барок и неокласицизам и со галиите што чекаме да ги однесе Вардар…

Доцна е, дами и господа од кругот на Мицкоски и од чуварите на делото  на Груевски. Ние сме НАТО. Вас реалноста ве прегази.

4Нормално е за опозицијата да биде против власта. Ај и да ги разбереш дека го мразат Заев, па ете дури и дека уште го штитат Груевски. Ама и покрај сѐ, Мицкоски и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаа должност да ја поддржат земјата на патот кон НАТО. Сите, и надвор и внатре, ги поттикнуваа да ја искористат шансата и тие да бидат заслужни за овој успех. А тие направија сѐ што можеа да ја закочат земјата на патот кон НАТО.  Без притоа да понудат друга алтернатива, освен врескање дека „сите се исти како нив“. И во таа хистерија не успеавме да се израдуваме на овој историски успех за сите нас.

Власта се менува. Пратениците се менуваат. Премиерите се менуваат. Ама за вакви историски пресврти како што е приемот во НАТО останува да се памети кој бил „за“ и кој бил „против“.

Извесно е дека државата ќе постои. А дали ќе биде тоа држава во која ќе сакаме да живееме или од која ќе сакаме да фаќаме џаде, ќе зависи од нас. И од тоа што очекуваме од тие што ги избираме на избори.

ЦЕЛАТ АКОЛУМНА НА СДК.МК

 

 

loading...

 

Македонија

Свет