Заев од Битола: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се богатеа а граѓаните плаќаа огромни сметки со покачена струја за 100%, денес сме шампиони во енергетика

Објавено на 07.12.2019 во 17:01:50 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Како беше во енергетиката за време на ВМРО-ДПМНЕ и кога Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ сегашен ЕСМ, како е денес. Да го запрашаме Мицкоски зошто увезуваше струја за 4 пати повисока од просечната цена, по 200 евра за мегават, кога цената беше 50 евра. Каде одеа тие пари? Граѓаните добро се сеќаваат дека од 2006 до 2016 за 100 отсто ја зголемија цената на струјата и згора на се ја укинаа евтината тарифа на струјата, рече претседателот Заев на трибина во Битола.

За разлика од нивното црно работење во енергетиката, СДСМ ја врати евтината тарифа на струја, а прогласени сме за шампиони во енергетика во Југоисточна Европа. Денес ЕЛЕМ и РЕК имаат 87 милиони евра пари на сметка, потенцираше Заев на граѓанската трибина во Битола.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Е има разлика, ние работиме одговорно домаќински и одговорно. Парите кои се заштедени ги инвестираме во здрава животна средина, за набавка на инвертори, набавка на 6 еколошки автобуси кои ќе ги користат граѓаните на пелагонискиот регион, додаде претседателот Заев.

Граѓаните најдобро ги чувствуваат придобивките од реформите во енергетиката. Не е се исто дали сметката за струја е 1.500 денари во паралела со големите сметки од над 3.000 денари кои граѓаните ги плаќаа за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет