КОЛУМНА КОЈА ОДЕКНА КАКО БОМБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Малку им биле парите од поврат на ДДВ...малку им било покачувањето на пензиите за 900 денари...малку им било покачувањето на минималецот за 5.500 денари, за само 2 години....

Објавено на 07.12.2019 во 22:16:16 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Малку им биле парите од поврат на ДДВ...малку им било покачувањето на пензиите за 900 денари...малку им било покачувањето на минималецот за 5.500 денари, за само 2 години....малку им било покачувањето на социјалната помош за 300% т.е. од 2000 на 6000 денари за само 2 години....малку им било покачување на платите на просветарите, докторите, административците...малку им било покачување на субвенциите....малку им било намалување на казните за 75%, намалување на давачките, поефтина струја....се им е малку.

Се нешто не им одговара. Не чинела оваа Влада....Па ајде еве да ве прашаме...убаво ли Ви беше кога УЈП правеше репресии на обични граѓани?

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

Убаво ли Ви беше кога моравте да плаќате рекет за да не ви пропадне бизнисот? Убаво ли Ви беше кога земавте 9.000 денари плата одработувајќи ги саботите и неделите? Убаво ли Ви беше кога добивавте пензии од задолжени пари, кога ви покачуваа по 300 денари годишно, а за сметка на тоа се покачи цената на лебот, млекото, брашното, лековите?

Убаво ли Ви беше кога се туркавте во аптеките до 5ти во месецот за да ги земете лековите на рецепта, затоа што потоа имаше недостаток?

Убаво ли Ви беше кога не смеевте да зборувате за политиките на Владата бидејќи ќе бевте мета на одмазда, отказ од работа, репресија, закана со ниски оценки, преместувања во други градови? Убаво ли Ви беше кога плаќавте 100% поскапа струја од сега? Убаво ли Ви беше кога вашите деца јадеа леб и маргарин, а децата на оние кои ве репресираа уживаа во кавијар и шампањско? Заборавивте ли како владеење имавме 11 години?

 

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Заборавивте ли како државата е задолжена за 5 милијарди евра, а платите не Ви беа покачени ниту 1 денари? Заборавивте ли како нарачуваа судски пресуди за да се пресметаат со вас? Заборавивте ли како ги користеа институциите за да ве уценуваат и газат? Се сеќавате ли како апсеа обични граѓани со пиштол во уста како да се најголеми криминалци?

И сега не ви чини оваа демократија, покачување плати и пензии без задолжување во странство? Знаете ли што ве чека со враќање на истите криминалци кои 11 години ве репресираа? Глава нема да кренете, бел ден нема да видите. Во сопствената држава ќе немате право на глас, ќе бидете граѓани од втор ред. Заборавивте многу брзо каков режим владееше. Истите оние кои отворено и јавно бараат намалување на вашите плати, укинување на мерките кои враќаат пари назад кај вас, денес пак Ви бараат поддршка.

 

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Пак го бараат вашиот глас, кој подоцна ќе го газат и уценуваат. Ќе им дозволите ли враќање назад во мрачното минато? Гласно и јасно спротиставете се на оние кои повторно сакаат да владеат со страв, криминал, закани. Тоа се истите оние кои во белата палата повторно кројат план како да ве раскараат брат со брат, комшија со комшија. Само од вас зависи дали тоа ќе го дозволите. Или ќе одиме напред или ќе пропаѓаме со оние кои 11 години си играа со државата и човечки судбини.

ОД ВАС ЗАВИСИ!

 

 

loading...

 

Македонија

Свет