(ФОТО) За прв пат Св. Климентовата награда доделена постхумно: Охрид не го заборава прерано починатиот градоначалник Стојаноски

Објавено на 07.12.2019 во 23:27:39 часот | Македонија

На свечената Академија по повод празникот на заштитникот на градот Св. Климент Охридски, што се одржа вечарва во Центарот за култура „Григор Прличев“, беше доделено највисокото општинско признание,  Наградата Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид.

За прв пат откако е востановена, оваа награда се доделува постхумно, на прерано починатиот градоначалник на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски.

Тој ненадејно замина од овој свет во декември минатата година. На овој начин, градот му оддава должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет