ТРИЧКО: Орце прета, прета, можеби мисли дека ја владее ситуацијата, дека победува, но јас мислам дека се заплеткува и дека големи се шансите во се да промаши: вмро, кај и да е курац ќе се врати на власт, крв до колена нема да има, а тој ќе заврши затвор!

Објавено на 08.12.2019 во 00:17:40 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Снимаме бомби

Тајкунот доаѓа на работа и уште од вратата ја прашува секретарката:
-Верче, што имаме за денеска!?
-Во десет ќе дојдат од Офаманаман, имате нарачано снимање на една бомба- реферира секретарката.
-Каде е сценариото?!
-Кај вас, директоре, ви го оставив на масата.
Тајкунот влегува во кабинетот, го фрла мантилот на триседот, сипува од ”Никата” и додека го спушта мекото газе на фотељата, во тој лет кон доле, ја отвора папката со сценариото “Крв до колена”:
Тајкунот: Ало, Пеце, ти ли си, слушај, а бе, дај, да ја спуштиме топката, море, крв до колена ќе тече еј, не се заебавајте со мене, ја у затвор не одам, или вас има да ве нема.
Перо: Крв до колена, а!?
Тајкунот: А ти до кај сакаш, до курот ли!?
Перо: Не, мислев зошто крв до колена, зошто не сперма до желудник или нешто друго, не ми се допаѓа крвавоста во заканата.
Тајкунот: Затоа што само со крв до колена можеш да го натераш Македонецот да остане во говна до гуша.
Перо: Имаш право, ај ќе видам да ја спуштиме топката, ти да не одиш затвор, Македонците да останат во говна, а ние во пари до колена

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

****
Снимањето на бомби стана дел од дневната рутуна на парајлиите кои имаат роблеми со законот. Добро, некои интригантни експлозивни направи можат да купат и на слободниот пазар, но сопствената продукција ми се чини станува се порасширена. Во некои фирми има цели бомбашки одделенија. Со сценаристи, сниматели, режисери, позајмувачи на гласови итн. Тоа што некогаш беше пиар секторот, со пишувачи на реферати и обраќања на тајкуните, сега се продуцентите на бомби. Некои имаат и бомботеки.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

****
Џабе: Македонските парајлии со сомнително потекло на парите не се во состојба да сфатат дека ниту најстрашните бомби немаат повеќе голема разорна моќ, тие не се во состојба да генерираат општествени расположби или институционални деформации какви што предизвикуваа до скоро, јавноста е презаситена и нема апетит за нови говна како храна.
****
Орце прета, прета, можеби мисли дека ја владее ситуацијата, дека победува, но јас мислам дека се заплеткува и дека големи се шансите во се да промаши: вмро, кај и да е курац ќе се врати на власт, крв до колена нема да има, а тој ќе заврши затвор.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет