Дескоска ќе потпише три меѓународни конвенции развиени под покровителство на Хашката Конференција

Објавено на 09.12.2019 во 12:59:44 часот | Македонија

Министерката за правда Рената Дескоска во името на Владата на Република Северна Македонија, денеска во Хаг, Кралството Холандија, ќе потпише три меѓународни конвенции и еден протокол.

Од Министерство за правда иннформираат дека станува збор за три меѓународни конвенции кои се развиени под покровителство на Хашката Конференција – две за заштита на правата на детето, како и уште еден инструмент со кој се унапредува системот на меѓународното трговско право и решавањето на споровите кои произлегуваат од меѓународните трговски трансакции.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Станува збор за следните четири меѓународни инструменти на Хашката Конференција и тоа Kонвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата, од 19 октомври 1996 година, Kонвенцијата за спогодбите за избор на суд, од 30 јуни 2005 година, Kонвенцијата за меѓународно остварување на правата за издржување на детето и други облици на издржување на семејството, од 23 ноември 2007 година и Протоколот за меродавното право кое ќе се применува на обврските за издршка, од 23 ноември 2007 година.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет