(ВИДЕО) БОМБА НА ШЕКЕРИНСКА: Анкетата на ИПИС е одработување на овој институт кој од ВМРО беше награден со пола милион евра народни пари!

Објавено на 09.12.2019 во 16:09:37 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
--------------------------------------------------------------------------------------------------------- 

 

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Анкетата на ИПИС е обид на ВМРО-ДПМНЕ да го покријат срамот на Мицкоски од Самитот на ЕПП во Загреб


П: ИПИС анкета покажува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е пред СДСМ со некои 4%, коментар околу оваа анкета?

Не сум ја видела анкетата за да коментирам, и ако не се лажам ИПИС беше Институтот за коишто вашите колеги констатираа дека 480.000 евра имаше добиено само од МТСП, и истата таа aгенција беше искористена за да направи добар вовед за насилството од 27 април кога неколку недели пред насилните собирања пред Собранието образлагаше дека граѓаните биле во право. Имам дилеми околу агенции коишто и сега и според Отворени финансии се потврдува колку профитирале од претходната влада, мислам дека тие дилеми се оправдани, како што се сеќавам во еден период каде што ВМРО-ДПМНЕ на сите такви анкети водеше 3:1 и па изборите никогаш не ги потврдуваа. Јас сметам дека во неделата кога го забележуваме историскиот успех на кој не се израдува само раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мене ми е јасно дека потребно им е нешто што ќе го покрие успехот, а малку и ќе го покрие срамот кои го видовме со свои очи, а тоа е како првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ едно зборува година дена, а друго збори пред Борисов и пред ЕПП. Ако е за тоа може и затоа 480.000 евра, државни пари, изгледа биле оправдана инвестиција.

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

 

loading...

 

Македонија

Свет