НУКЛЕАРНA БОМБА: Обвинителството отвори предмет за новообјавените снимки од Јутјуб

Објавено на 09.12.2019 во 17:05:37 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Jавното обвинителство отвори предмет во врска со снимките кои во саботата се појавија на анонимен канал на Јутјуб, на кои наводно е гласот на бизнисменот Орце Камчев, сведок во случајот „Рекет“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за Телма изјави дека дека ќе се утврдува кој ја објавил содржината, односно идентитетот на лицето кое ја објавило содржината и ја поставило на социјалните мрежи, идентитетот на лицата кои разговараат и содржината на разговорите.

Обвинителството ја отворило постапката за да утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело. Доколку има потреба лицата ќе се повикаат на разговор, а врз основа на собраните докази ќе следи и соодветна пријава, најавува Јовески.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Седум аудио-снимки, поврзани со случајот „Рекет“, но со сосема различен карактер од оние што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, осамнаа во саботата на анонимен јутјуб канал. На снимките се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот Орце Камчев, сведок во „Рекет“ и осомничен од СЈО во предметот „Империја“. Снимките траат по 10-20 секунди, а шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска, вели дека овие снимки не се дел од доказите за случајот „Рекет“, кој таа го води.

Тешко е да се одреди моментот во кој се случува снимената конверзација, како и контекстот и да се одгатне на кого се однесува она што наводно Камчев го зборува во дел од снимките.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет