Филипче: Уништен е инсулин набавен со паралелен увоз, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати

Објавено на 09.12.2019 во 18:07:22 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мнистерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук профил реагираше на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ според кои уништен е инсулин со цел да се отвори нов тендер.

Колку повеќе ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира, толку повеќе вистината излегува на виделина! Манипулациите и лажните вести им останаа главна одлика во начиот на работење, но граѓаните памтат и знаат, нема да пројде.

1) Уништен е турски инсулин од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати. ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова. Должни се да одговорат зошто си играле со здравјето на пациентите?

2) Инсулинот од паралелен увоз е од времето на претходната Влада предводена од ДПМНЕ.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

3) Нов тендер за набавка на инсулини НЕМА, затоа што за тендерот од 2018 година веќе се склучени договорите. Количините од стоковите резерви не се никако поврзани со количините за тендер.

4) Воведени се три нови типови на инсулин, кои се најнова генерација на лекови – оригинални, со сертификат за квалитет и не се од паралелен увоз. Сега граѓани примаат оригинални инсулини. Не е како порано, да примаат инсулин без проверен ладен ланец и без оригинал сертификати. Пациентите ја имаат потребната терапија во секое време.

5) Во 2018 година ги донесовме измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства. Оттогаш, сите лекови во нашата држава се со сертификат за квалитет. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

6) Претходната Влада им скрати буџетот на пациентите со дијабетес. Во 2016 година буџетот за оваа ставка изнесувал 730 милиони денари, а 2017 година го намалиле и изнесувал 562 милиони денари. За 2020 година, предвидено е да изнесува 750 милиони денари. Зошто покрај инсулините од паралелен увоз го намаливте и буџетот? Тоа не е вистинска грижа за пациентите! Уништувањето на инсулинот е од СТОКОВИТЕ РЕЗЕРВИ, инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада. Многу добро знаат што значи уништен инсулин од паралелен увоз од стокови резерви. И да, прашајте ги пациентите дали биле задоволни од паралелниот увоз на инсулин. И прашајте ги сега, колку се тие задоволни. Манипулациите нема поминат – напиша Венко Филипче.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет