Димитров: Македонците се тука и говорат македонски јазик

Објавено на 12.12.2019 во 22:39:09 часот | Македонија

Процесот за јазикот е многу деликатен, но мора да води кон заедничко растење. Не може во 2019 година 2 европски соседни држави да немаат меѓусебен почит. Мора да се знае дека Македонците се тука и говорат македонски јазик. Тоа е процес на зреење на двете општества, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров во однос на оспорувањето на македонскиот јазик од страна на бугарската академија.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

-Факт е дека македонскиот јазик е официјално кодифициран 1945 година, дека е еден од јужнословенски јазици, и дека еден од трите официјални јазици на поранешна Југославија и присутен во ОН од седумдесеттите години. Прифатен е од меѓународните лингвисти. Да се држиме до фактите, принципите и да разговараме. Долго време живеевме во онаа двојност. На многу места бевме ПЈРМ и Република Македонија. Многу е важно да најдеме решение токму со соседите со кои имаме најголемо испреплетување во историјата. Мора да се прифатат македонскиот народ и македонскиот јазик, вели Димитров.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет