Премиере успори темпо човече, испоцркавме, душа немаме...

Објавено на 13.12.2019 во 01:41:12 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Значи во новинарство сум од 2012-та, и сум следел избори, кризи, драми, свашта имаше овие 7 години.

И во моментов премиерот Заев форсира такво жестоко темпо што ова го немало во сред избори, ма во сред тешка криза како 27-ми април и слични срања, такво темпо на вести немало.

Значи премиерот во тек на еден ден оди на 5-6 настани, од носач на авиони преку Брисел па се појавува у некое село отвора градинка, фабрика или водовод, па навечер држи дебати во спортски сали по 2-3 саата?!?!

И у сред ден ќе се избаци со тв интервју или пишано интервју за некој весник, портал...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Па имаш собрание пратенички прашања, па понекогаш има по ДВЕ СЕДНИЦИ НА ВЛАДА У ДЕНОТ?!?! 

Нема ден ова да се промаши, значи делник, викенд, празник... Па ако е празник ондак венци, химни, па свечени говори во некакви сали, па пак интервјуа по тв, и на секој од тие 5-6 настани по него трча сурија новинари на кои им одговара и реплицира па секој одговор е нова тема, нова вест...

Аман бе човече од што си ти направен? Што има у тој ајвар МАМАС? Плутониум? Испоцркавме бе премиере, душа немаме, ова темпо трае веќе 3 години, ќе загинеме, а мирнодопски се условите, нема војна...

Дај аман заман успори малце, гледам и новинари и камермани и уредници и технички кадар по телевизии и портали се без душа, отечени во тоа очите, ова пеколно темпо со по 10 настани на ден каде е присутен премиер е убиствено нешто за нас новинарите.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Проблемот е што ВМРО пробува да парира на ова темпо на премиерот, па и тие по 3-4 некад и 5 пресови на ден човече, па и тие плус караван тераат низ земјава со мини митинзи, плус и они интервјуа по медиуми и тоа по 1 на ден... Па Мицко ќе се избаци со фејсбук статус у 10 навечер...

ЗНМ треба со синдикатот малце да апелираат во двете водечки партии но особено до премиерот малце да успори и да убаци од 5-та брзина во трета, иначе ова не се издржува.

Волку не сме лупале по тастатурите кога го рушевме режимот а тогаш мораше така затоа што имаше пун курац скандали и афери.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Паметам како клинец, во 90-тите, Бранко се појавуваше во јавност на некои настани по еднаш неделно и толку. Интервју даваше еднаш у 3 месеца човече. Љубчо исто. Грујо сето тоа го сјеба и почна од тв да не се симиња но сепак со по 1 до 2 настана на денот, ама Заев го крена тоа пута 100, ама без да прави притисок на уредниците со ургенции, туку со лично прусуство секаде, на секоја педа земја, во секоја област, на секоја тема, вакво нешто земјава нема видено.

Премиере, и ти мораш малце да одмориш, како планираш ти вака да тераш уште неколку години, па и ти да си од челик ќе се скршиш, ова најдругарски совет, дај малце чувај се, а и ние малце ќе одмориме, јбг, тоа е. Треба да се работи ама треба и малце да се живее, нели живот донесовме, за кој краставац го носевме тој живот ако у меѓувреме испоцркаме од работа од утра до сутра?

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија