НАЦИОНАЛНИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И ОБЈАВИЈА ВОЈНА НА ВЛАДАТА НА СДСМ, РЕШИЈА ДА ЈА РУШАТ ЗАТОА ШТО Е МНОГУ СКРЖАВА?!?!

Објавено на 13.12.2019 во 12:38:49 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Телма во емисија ги вика Софија Куновска и Зоран Димитровски - Жоро.

Канал 5 го вика Ристо Никовски и Сотир Костов. Сафет Бишевац секој ден е на една од големите телевизии.

Тв 24 го вика Зоран Буревесник во емисија.

Алфа ТВ па да не зборам, они пукаат постојано со хаубици од 120 мм.

Сител исто, малку ублажено ама сепак критички ептен.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Се чини дека мејнстрим медиумите т.е националните телевизии распалија жестоко кон владата и решија да ја рушат?!

Дали можеби затоа што е скржава и не им дава ич пари за разлика од владата на ВМРО која истураше десетици милиони евра во телевизиите?!

Или пак сакаат да бидат критични притоа без да внимаваат на фер баланс во пристапот или пак не водат сметка за какви будали се викаат во емисија?!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Ги гледам и пресовите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, добива многу софт прашања дел од прашањата дури насетувам дека се и нарачани, пошто секогаш се уклапаат со темата на пресот и му легнуваат на Мицко како сервирање за волеј...

Нешто чудно се случува во мејнстрим медиумите во земјава, ми мириса на обид за медиски владин пуч!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија