ЕВЕ ЗОШТО ЛУБРИКАНТИ, НЕБАЊАТИТЕ СЕ УМРЕА ОД ЗАФРКАВАЊЕ НА ТЕМАТА: Најмладото заразено момче со ХИВ во земјава има 19 години, најмногу заболени во Скопје

Објавено на 14.12.2019 во 00:08:25 часот | Македонија

Нови 57 нови случаи на ХИВ се пријавени во Македонија од јануари годинава до 1 декември, а 55 од нив се од машки пол. 19-годишно момче е најмладо кое се заразило со вирусот ХИВ, а тројца се постари од 50 години. Повеќе од половина (56 отсто) од случаите се кај мажи кои имале секс со маж, а кај една третина (36 отсто) вирусот бил пренесен преку хетеросексуалниот начин, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје, кој е објавен денеска.

Просечната возраст на новите случаи е 34 години (од 19 до 64 години), а алармантно е што годинава само една третина (34  ХИВ позитивни случаи) биле навреме дијагностицирани! Дури 66 отсто од случаите на ХИВ во 2019 година се дијагностицирани задоцнето (10 отсто повеќе од 2018), а 22 отсто се откриени со сериозен имун дефицит (ЦД4 под 200).

Околу 700 граѓани во целата земја се тестирале со бесплатните тестови.

Во светот вчера се одбележа Денот за борба против ХИВ/СИДА, а најновите податоци се загрижувачки – 7,9 милиони лица живеат со ХИВ во светот, а новоинфицирани во 2018 година се 1,7 милиони лица. Досега 32 милиони лица починале од причини поврзани со ХИВ/СИДА.

Повеќе од 50 отсто од лицата кои живеат со ХИВ примале анти-ретровирусна терапија (АРТ).

Во Македонија од 1987 досега се регистрирани 460 случаи на ХИВ, од кои 404 (88 отсто) се од машки пол а 56 (12 отсто) се од женски пол. Вкупно 104 лица починале од причини поврзани со ХИВ.

– Освен преку мажи кои имаат секс со мажи и хетеросексуално, од другите начини на пренесување на вирусот, лица кои инјектираат дроги учествуваат со 2,5 отсто. По 6 случаи се регистрирани кај лица со хемофилија (последниот пред 15 години) и пренос од мајка на дете, се вели во извештајот.

Годинава има, за жал, рекордно висок број на нови случаи на ХИВ/СИДА. По повод Светскиот ден на ХИВ/СИДА, ниту вчера ниту денеска немаше прес-конференција од страна на надлежните во здравството за состојбата со ХИВ/СИДА во нашата земја.

Единствено во извештајот од Институтот денеска се обелоденети бројките за новите случаи на ХИВ, а невладините организации, „Заедно посилни“ и неколку други, деновиве организираа настани за зголемување на свеста кај населението за тестирање за присуство на ХИВ вирусот кај граѓаните и важноста од раното откривање на оваа инфекција.

Од пријавените 57 нови случаи на ХИВ, една третина, 27 случаи живеат во Скопје, а 30 случаи се регистрираат од 12 други градови од земјава.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет