АЈДЕЕ, НЕ САМО ОРЦЕ, И ЛАТАС БИЛ ЖРТВА НА СЈО, НА РЕД Е ДА СЕ ЈАВИ И ЕЛ ЧАПО: Катица ме рекетираше, бараше од мене да сменам страна и од куртон на ВМРО да станам куртон на СДСМ!

Објавено на 14.12.2019 во 14:11:02 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во колумна на порталот Вечер.мк, Латас се жали дека Катица го рекетирала и барала од него да смени страна и плус да стане и сведок против Груевци, што тој многу храбро го одбил, пошто е човек од принципи (ХАХАХАХААААААААААААААААААААААААААХХАХАХАХАААААА)

Испадна сега дека не само Орце што бил поштен бизнисмен жртва на рекетари, туку и храбриот поштен принципиелен Латас бил жртва на рекет, сега фали уште ЕЛ ЧАПО да се јави од САД и он да каже дека е жртва:

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Јас имам две обвиненија од Катица Јанева и СЈО добиени на 30 јуни 2017 година. Многу пред тоа, на 30 март 2016 година, бев повикан од Катица Јанева во нејзината канцеларија која тогаш се наоѓаше во зградата кај студентскиот дом Кузман. Состанокот траеше 70 минути. За тоа време, педантно, пушејќи цигара врз цигара, Катица ми ги наброја сите објавени прилози на Сител, и сите напишани колумни во Вечер во кои, според неа, се пишувало и зборувало на штета на нејзиниот углед и угледот на СЈО и Заев. Патем, ми кажа дека немам што да бранам, со ВМРО е завршено, нејзината фамилија Делиџакови отсекогаш била вмровска, и дека таа нема ништо лично против таа партија но, за ВМРО нема веќе место во политиката. Вистината беше сосема спротивна, и самата таа и целата нејзина фамилија, па дури и сватовите откако ја омажи ќерката се во СДСМ.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Уште тогаш Катица ми кажа дека мојата работа е проблем, тоа не може да оди така, и дека ги преслушала и лично моите телефонски разговори па според неа ќе треба да се спремам за две-три обвиненија и за затвор од десетина години. Телефонските разговори и беа дадени само три месеци претходно и, секако, ги немала преслушано бидејќи се 62.000 на број, а пресудите ми ги кажа 18 месеци пред и да бидат поднесени обвиненијата. Она што може да ме спаси, според неа, е да соработувам во истрагите за мои блиски соработници, како и за Миле Јанакиевски, Мартин Протоѓер и Кире Божиновски. Како што може да се види од подоцнежните случувања, СЈО ги исполни заканите на Катица.

 

 

* реклами:

loading...

 

Македонија

Свет