АНАЛИЗА НА КОЛУМНАТА НА ГЕРО ПОЛНА СО КРИТИКИ ЗА ЗАЕВ: ШТО ДРЖИ А ШТО НЕ ДРЖИ ВОДА!

Објавено на 16.12.2019 во 17:23:25 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во долга колумна, шерувана од сите ВМРОВСКИ ботови на социјални мрежи поради што таа е и екстремно читана, Геро го опсипува Заев со грст критики.

Ајде да одиме по ред да видиме што држи а што не држи вода, одиме по ред:

1. Геро ја почнува колумната многу неочекувано, замислете го критикува Заев што успеал да дојде на власт со само 49 пратеници?!?! Тоа требало да влијае врз Заев да знае кај му е местото?!?! Наместо да го пофали што успеал да владее со само толку пратеници, па дури и оправда што не успеал да постигне се што вети баш заради тој податок, Геро го користи тој податок за да го тепа Заев?! 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Демек Заев е крив што после 12 години режим со тешка режимска пропаганда и заробена држава успеал со итроштина со стратегија со ум со нерви со чекор по чекор борба да направи влада, Геро го тепа Заев, требало да се срами што дошол на власт со само 49 пратеници?!?!

2.  Втората критика е дека Заев се опкрушил со неспособни кретени. Ок ова е веќе лично мислење, сепак резултатите покажуваат многу успеси и тие успеси не се резултат на ONE MAN SHOW туку се резултат на една тимска работа, па така овој аргумент на Геро е повеќе личен анимозитет кон некои од советниците на Заев и можеби горчина што тој не е таму и не шефува, тука можеби и се наоѓа коренот на целата оваа битка на Геро со Заев!

3. Геро се жали на тоа што бил навредуван и жестоко критикуван од медиумите блиски до Заев. Причината за тоа е што јавноста секогаш ги мрази слугите на мафијата и на Геро тоа треба да му е јасно. Геро свесно влезе во друштвото на Миленко, Јанко, Латас, Ивона, Златев и тој самиот блуеше критики и навреди кон нив кога беше новинар, сега требаше да очекува што ќе следува, се има цена, тој можеби свесно решил да се продаде, за тоа добил некаква награда, материјална или во облик на некаква одмазда, моќ, влијание итн, но цената е што јавноста ќе го означи како мафијашки слуга, куртон и тоа беше природна неминовност. Дури би рекол дека Заев е блак спрема Геро, сеуште со него разменува смс пораки, се слушаат често на мобилен, итн, не можам да замислам Груевски тоа да го правеше со мене кога трчав по него, напротив тој наредуваше да бидам претепан, казнет по судови...

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

4. Геро го критикува Заев, затоа што го решил проблемот со Грција, ама претерал, многу им дал на Грците?!?! Наместо да го пофали за храброста за решението на спорот, за кој Геро една едецнија навиваше да се реши, сега Геро се љути што Заев успеал да го реши не така како што Геро замислил дека треба?!?! Детска критика, како Мали Џокица замислува меѓународна политика...

5. Геро го обвинува Заев дека удрил јако по Македонизмот?!?! За ова Геро нуди два смешни аргументи - владата многу агресивно го користела новото име на земјата?!?!?! И некои си тамо подржувачи на Заев пишувале песни дека македонизмот треба да умре?!?! Хахаха, јако, ова е многу јако. Наместо да биде реален дека владата успеа да ги спаси македонски јазик и македонски идентитет во преговорите со Грците, што се смета за епски колосален успех, да не беше Ципрас никогаш тоа немаше да биде извојувано, Геро измислува некакви АНТИ-МАКЕДОНИСТИЧКИ пориви кај Заев?!

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

6. Геро се обидува да го протне спинот на ВМРО ДПМНЕ дека Франција не не блокирала, туку ЕУ не казнила затоа што немало реформи?!?! Па во ова ни малите деца во белата палата не веруваат, цела ЕУ кажа дека ветото на Франција било историска грешка, и тоа од лидери на земјите членки на ЕУ до самите лидери на ЕУ како Хан, Могерини, Јункер итн итн... Но се гледа дека Геро има намера да му помогне на ВМРО и да ги протне во јавност нивните тези, што ли му е ветено од ВМРО на Геро за овој напор за кој тој добива само критики и исмевање на широка јавна сцена кој знае... Можно е и сето ова Геро да го прави од чиста одмазда, омразата да му го имаат тотално заслепено умот и е влезен во мод на самуништување за што речиси и не му е гајле.

7. Геро се обидува да го омаловажи влезот во НАТО како мачкина кашлица за што Заев не заслужува никаква пофалба?!?! Притоа пак се обидува да протне бедна теза на ВМРО ДПМНЕ дека Заев бегал од избори со тоа што внимава на ратификацијата од страна на Шпанија која може да задоцни па парламентот наш треба да биде на готовс и да чека додека тоа не се случи, еден месец или два одложување на изборите ништо нема да смени во споредба со чиста процедура за влез во НАТО кое го чекаме 30 години и за што сменивме и име на државата.

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

8. Геро наместо да го пофали Заев што го решил проблемот со Бугарија и што трезвено умно го тера процесот, Геро го критикува Заев за будалаштините кои пристигаат од Софија, Заев некако магично тоа го предизвикал?!?! И затоа он треба да биде казнет за тоа?!?! Ова е многу јака теза, нема што, очајна и смешна теза без никакви аргуементи.

9. Потоа Геро како да се двоуми дали да го пофали Заев за двојазичноста или да го критикува?! Признавс дека го поддржал законот за јазици, но сега му текнало дека се претерало?! Кога му текнало тоа пред или после средбата со Орце Камчев кога прифати да биде негов ПР портпарол и да ги пука бомбите?!

10. Геро за прв пат се користи со ЛАЖНИ ВЕСТИ во колумната па го обвинува СДСМ дека во Арачиново ветиле триста пилоти, иако тоа беше лажна вест, било ветени пилот проекти за разни комунални проекти кое било погрешно разбрано од некој од жителите. Геро го обвинува Заев дека ги купил Албанците со пари, класична ВМРОВСКА шовинистичка теза, Геро не сака да признае дека СДСМ во своите редови на високи позиции има Албанци кои се многу популарни во албанските средини, а со многу проекти како НАТО, ЕУ, двојазичност, едно општество за сите, Заев успеа да привлече голем број Албанци кои гласаа за СДСМ. Потоа Геро му се заканува на Заев да не се надевал дека ако изгуби на следните избори да не се надева на влада со ДУИ и другите албански партии, демек тие ќе оделе во коалиција со ВМРО ДПМНЕ?!

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Прво Геро ги прогласува изборите за уште сега изгубени за Заев, што секако е многу спорно, тоа уште не го знаеме каков исход ќе дадат следните избори. Прашање е дали народот толку бргу заборави на владеењето на ВМРО ДПМНЕ и дали им има простено за сите злодела. Потоа оваа влада на Заев навистина има што да се пофали, можеби не реализира се што вети, но има со што да се пофали, тоа секој би требало да го признае.

А за тоа пак дека албанските партии ќе влезат во коалиција со партија која ветува дека ќе го поништи договорот од Преспа и го оспорува законот за двојазичност, хм, не сум баш сигурен.

11. На тема економија, Геро се користи со лажни вести дека земјава се задолжувала што е ноторна лага, по долго време нашиот јавен долг се стабилизира и стагнира за што сме пофалени од сите меѓународни финансиски организации. Потоа користи уште една лажна вест дека владата на СДСМ го наследила автопатот Скопје - Штип речиси готов па морало да ги молиме да го пуштат, што не е точно, само 50% беше завршен со многу грешки во изведувањето и проектирањето.

Потоа Геро вели дека бизнисмените вриеле од нервоза, па го критикува премиерот што се откажал од пропорционалниот данок, а баш тоа беше причината што бизнис коморите се бунеа цело време. Наместо да го пофали премиерот што го слуша бинисмените, Геро се обидува да извојува двојна грешка иако се работи за поправање на увидена грешка, што е нормално за секоја институција која кога ќе увиди дека се згрешило да се поправи без разлика на критиките што ќе произлезат од тој потег.

Потоа Геро ја криткува владата што ја зголемила минималната плата, тоа било популизам?!?! ТОА ШТО ЛЕВИЧАРСКА ВЛАДА СЕ ОДНЕСУВАЛА ЛЕВИЧАРСКИ БИЛО ПОПУЛИЗАМ?!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

12. Овде Геро најмногу забегува. Замислете тој го критикува Заев што со СЈО се вовело политички линч кон Груевистите, тие се суделе на преки суд?!?! Од каде бе ова чичо Геро? Тој урла како и сите други во земјава дека нема правда нема мир, но не затоа што Груевци не завршиле во затвор, туку што воопшто биле судени, тоа било политичка одмазда?! ВАУ! Ова е веќе претеризам дури и за ГЕРО АЛЦХАЈМЕР!

Геро замислете го користи РЕКЕТ како аргумент за тезата дека целото СЈО било рекетарска организација и сите случаи се со цел да се рекетираат и казнат поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ?!?! Папапапа...

13. Геро очајно се обидува да му го залепи РЕКЕТ на грбот на Заев како негов неуспех, но реалноста е искажана од устата на Орце Камчев кој ги амнестираше Заев и Радмила и кажа дека токму Заев го убедувал да го пријави случаот во ОЈО! Геро го обвинува Заев дека сакал да го заташка случајот?!?! Разочарувањето што на сите ни го приреди Катица Геро се обидува да го препише како грешка на Заев?! Како негова да е вината што Катица се полакомила?!

14. На крај Геро плаче како и обично, го нарече премиерот ЗОКИ МУРТИЧИ, го поврза со Рекет иако тоа не е точно, 3 години само критики, клевети, успесите ги игнорира или саботира, неуспесите ги крева до ниво на катаклизма, од мали превиди и мали невниманија прави огромни скандали редовно го навредува премиерот дека бил просечен, под просечен, со мал габарит, политичар од ситен мал селски калибар итн итн, и потоа се жали што Заев не го сакал и обожавал?!

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Притоа сака да се пикаже себеси како некаква жртва на линч и режимска диктатура, но реалноста е дека влакно не му фали, порталот му е полн со реклами, значи никој не забранил да се рекламира на негов медиум па дури има постојано и владини реклами, додуше во партнерство со ЕУ, но сепак има лого на владата на тие банери. Разни државни институции се рекламираат на неговиот портал, претежно од културната свера, па ако Заев го ставил вистина на некаква црна листа за отстрел, ваљда не е планот да го убијат така што ќе го прејадат и да цркне од дијабет?!?! 

За тоа можеби ќе треба со години да чекаме, шала на страна значи Геро е само една обична плачипичка што цело време навредува, клевети, но него никој не смее да му врати, тогаш плаче како мало дете.

Мактел не заговара физичка и институционална пресметка со критичари на власта, но вербално секој има право да се брани и да си го искаже ставот, смешно е еден новинар да бара тоа да биде забрането.

 

Оваа наша анализа не сака да каже дека Заев и владата негова не заслужуваат критики. Ние на Мактел го критикувавме непотизмот. Можеби поагресивно треба да се работи на полето на загадувањето. Економијата се уште има раст од 4% а нам ни треба двоцифрен раст од 10 до 15% годишно, се под тоа е пораз, треба да се намалува уште долгот на државата, треба да се среди бирократијата, ПР-т на власта е ужасно инертен и мрзлив итн итн има многу критики, но овие на Геро не држат вода!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија