Шилегов: ВМРО ДПМНЕ не можеше да ми најде слаба точка па ми измислија дека сум алкохоличар, па сега секоја втора пијандура мене ме вика пијандура, а тие што ме познаваат знаат дека многу ретко пијам алкохол

Објавено на 16.12.2019 во 22:03:17 часот | Македонија

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
 
 

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Градоначалникот Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Алфа доби непристојно прашање од гледач за тоа од која ракија најмногу болела глава. Шилегов инсистираше да одговори на прашањето и рече дека тоа е црна кампања против него.

-Кога бев жесток перјаник на во тоа време опозицијата, тогашната власт не можеше да најде слаба точка на Петре Шилегов и тогаш почна црната пропаганда дека сум алкохоличар. Јас тоа го гледам дека се случува. Тоа е црна кампања, а јас алкохол многу ретко пијам. А секоја втора пијандура во оваа држава мене ме вика пијандура, одговори Шилегов.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет