ПРЕМИЕРЕ ТЕ МОЛАМ НЕМОЈ ДА НЕ РАЗОЧАРАШ, ИМАМЕ ГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ТЕБЕ, НО ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО РЕК БИТОЛА, ТЕ МОЛАМ РАСЧИСТИ ГИ НА ВРЕМЕ, АКО ИМА КРИМИНАЛ ВЕДНАШ НЕКА ДЕЛУВА ОЈО!

Објавено на 17.12.2019 во 11:08:25 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Колегата Владо Апостолов во угледната ПРИЗМА како дел од проектот БИРН направил истражувачка сторија за она што во моментов се случува во РЕК Битола, и богами работите не личат ич на добро.

Не само што има индиции за местени тендери туку и она најстрашното НЕМА НИ Д ОД ДОМАЌИНЛАК И ОДГОВОРНО МЕНАЏИРАЊЕ СО НАРОДНИТЕ ПАРИ!!!

Наместо да се заштедат десетици милиони на иснајмување на опрема со тоа што РЕК конечно ќе набави своја механизација, пак гледаме истурање на огромни суми од кои боли глава на изнајмување на опрема од приватни фирми при што се истураат огромни количини на пари од ЕЛЕМ.

Овде треба да се ангажира и Кочо Анѓушев кој го зема под свое енергетскиот сектор.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Она што особено иритира е ароганцијата на директорот на ЕЛЕМ, Ковачевски кој одбил интервју за ПРИЗМА, им рекол еве ви документи и ко ве јебе?!?!

Како бе така?! Па РЕК и ЕЛЕМ не се приватни фирми бе Васко, ти си должен да бидеш максимално транспарентен до коска!

Тие тендери таму за кои станува збор не се со 3 нули туку со 6, значи збориме за 40 милиона евра тендери за само 1 година!!!

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

А толку ќе чинела и опремата која требало да се набави ама чудно, две години се чека и нема ни трага од тендерот за нова механизација?!?!

Многу матни работи се ова премиере Заев, народот верува во тебем јас верувам во тебе, те моламо немој да не разочаруваш.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Влези во РЕК, истражи ги лично работите ако има криминал, повикај го ОЈО да влезе и нека се апси, дели оставки, дели извинувања до јавноста, не смееш ова да го ставиш под тепих.

Те молам немој да не избламираш сите ние кои веруваме во тебе цело време и се бориме за тебе затоа што мислиме дека сме дел од една заедничка битка за подобар живот и подобра држава за нас и нашите деца.

РЕК Битола не смее да остане пералница на пари на големо. Плус има критики дека веќе 2 години се доцни со филтерите во комбинатот. Во последно време зачестија и хавариите во комбинатот. Што се случува во РЕК премиере?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија