Мицкоски шпекулира дека постои УСБ стик со материјали за личности од политичкиот врв

Објавено на 18.12.2019 во 19:29:18 часот | Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција излезе со шпекулации дека постои УСБ-стик со компромитирачки материјали за личности од политичкиот врв во врска со аферата „Рекет“, но дека не може да потврди во чии раце се наоѓа истото.

„Исто така сум слушнал дека постојат таков вид на материјали. Дека постои УСБ-стикче кое е заведено под број НСКРО74/17 и дека на тоа стикче има доста работи со кои треба да се позанимава македонската јавност, но сепак јас немам потврдени информации, рече Мицкоски.

Според него, постои гласина дека тоа стикче е најдено во моментот кога се вршел претрес кај еден од осомничените во „Рекет“ и дека се наоѓа во Обвинителството.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет