Сарачини: ВМРО-ДПМНЕ нуди антиалбанство, лажни вести и меѓуетнички тензии

Објавено на 19.12.2019 во 00:29:15 часот | Македонија

Антиалбанство кое се негува уште од времето на Љупчо Георгиевски, кој призна дека тоа не е во ред, па до доаѓањето на власт на Никола Груевски кој збореше за некаква тиранска платрформа која го произведе 27 април и обид за убиство, тоа го нуди ВМРО-ДПМНЕ. И на сето тоа фабрика за произдводство на лажни вести кои произведуваат омраза помеѓу етничките заедници, изјави Петрит Сарачини координатор на проектот на владата „Едно општество за сите“.

-Велат, ќе дошле 30 илјади Албанци во Струмица, казнети ќе биле Македонци ако не зборат албански јазик, такви лаги се пласираат од нивна страна, вели Сарачини.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Тој додава дека во изминатите 2 и пол години од почетокот на оваа владина гарнитура, донесена и имплементирана е стратегија за едно општество со 7 области.

-Има конкретни цели, конкретни работи кои се направени, од негата на културата до јазикот, ги решаваме проблемите со учебниците, со дискриминацијата. Темата за меѓуетничките односи не е нешто што ги загрижува граѓаните. Тие гледаат дека се случува нешто, некаква промена на добро, вели Сарачини.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет