САШО ОРДАНОВСКИ: Тешко нас со ваква хомофобична младина која сонува за лидер со цврста рака, но не се тие криви, израснаа во 12 години режимска пропаганда!!!

Објавено на 19.12.2019 во 15:51:14 часот | Македонија

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Доколку не ви е јасно во која насока, на краток и среден рок, се движи македонското општество, а со тоа и земјата, ви препорачувам барем површно да ги консултирате вчера претставените резултати од истражувањето правено пролетоска од страна на Младинскиот образовен форум и британската Вестминстер Фондација за општествено-политичката вклученост на младите (15-29 години старост) во животот во земјата.

Сосема на кратко, и по мој (ненаучен) избор, од резултатите од тоа истражување би ви ги пренел податоците за тоа дека само 3% од анкетираните млади се чувствуваат задоволни со своето место во општеството; двајца од тројца уште утре би се иселиле од земјава; 59% сметаат дека во политиката не треба да влегуваат луѓе со хомосексуална ориентација; дури 35% (подеднакво машки и женски младинци) сметаат дека мажите се подобри политичари од жените; неверојатни 84% сметаат дека земјава треба да се владее и да биде предводена од лидер „со цврста рака“; 80% од младите сметаат дека општеството им нуди мали или никакви перспективи; над 60% сметаат дека сегашната Влада не ги адресира нивните проблеми – но дури 65% одговориле дека секогаш гласаат на избори, плус 20% дека гласаат понекогаш…

И овие и сите други песимистички, конзервативни или директно авторитарни политички ставови кај младите во ова истражување се со значително повисока статистичка застапеност кај етничките Македонци, за разлика од нивните врсници од друго етничко потекло, пред сè, Албанците.

Нормално, во врска со овие податоци некој ќе викне „На здравје!“, друг „Браво!“, но се надевам дека мнозинството сепак ќе остане замислено. Грубо речено, повозрасните меѓу овие анкетираниве (над 18-19 години старост) е точно генерацијата која општествено созреваше и образовно и политички се обликуваше во најлошите години од изминатата деценија на претходната власт. Беа изложени на познатата жестока државна националистичко-патриотска пропаганда, од социо-инженерскиот проект на г. Груевски. Или, поедноставено, на оние содржини од кои денеска се скандализира јавноста во оној неславен, простачки учебник по Социологија за кој деновиве се дигна толкава „прашина“ во јавноста.

Ова не се оправа ни за две, ни за пет, а можеби ни за десет години. Под услов некој и да почнал да работи на „поправката“, а не сум сигурен дека е тоа така.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет