МАКТЕЛ УСПЕА ДА ДОЗНАЕ ЗОШТО ВМРОЦИТЕ ТРИ ДЕНА ПЛУКААТ ПО ПЕНДАРОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ ДО СМРТ Е ИСПЛАШЕНА ОД СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ И НЕГОВИОТ РЕЈТИНГ КОЈ ИДЕ НАГОРЕ СО МЕСЕЦИ И ЌЕ ГО НАДМИНЕ И ЗОРАН ЗАЕВ!

Објавено на 20.12.2019 во 14:40:28 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Нешто чудно и невообичаено се случи овие денови.

Претседателот имаше доста ОК настап во собрание во кое нити го спомна ВМРО ДПМНЕ нити ја спомена опозицијата нити ја критикуваше, туку напротив, распали по владата за проблемите во земјава, за што и самата ВМРО ДПМНЕ вели дека тој ги потврдил нивните критики?!

И тогаш зошто 3 дена по ред челниците на ВМРО ДПМНЕ фрлаат дрва и камења по Стево Пендаровски? Каде е проблемот?!

Мактел се интересираше на оваа тема и баравме информации во партиите и новинарските кулоари и она што го дознавме е многу интересно.

* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
 
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Имено, ВМРО ДПМНЕ било до смрт исплашено од Стево Пендаровски кој во анкетите идел со месеци нагоре и се донлижува до Зоран Заев со тенденција да го надмине.

Сега ВМРО се плаши дека таков силен и омилен кај народот Стево Пендаровски ќе биде закана за ВМРО ДПМНЕ затоа што се плашат дека сега ќе мора да рушат двајца големи политичари, засега беше само Заев сега Стево им ја дуплира маката.

Тие се свесни дека Стево ќе им биде закана на сите нивни националистички, мафијашки, популистички, анти-западни политики, знаат дека политички се фалични и проблематични па еден силен ценет славен претседател со голем рејтинг кај народот за нив е НОЌНА МОРА!!!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Има драстична разлика меѓу тандемот Груевски - Иванов со тандемот Заев - Пендаровски. Груевски не му дозволуваше на Хорхе да се крене со рејтингот, нему се даваше медиска поддршка нити пак му се дозволуваше да муцне каква и да било критика за власта на ВМРО ДПМНЕ.

Од друга страна, Пендаровски делува тотално слободно и критички што влијае на негов постојан раст на рејтингот, па сега таа формула дава интересен резултат, Заев не се плаши од силен Пендаровски, Заев не е диктатор кој сака да владее 100 години па секој политичар го гледа за своја закана, па сега во јавноста има двајца големи политички играчи против кои ВМРО ДПМНЕ ќе треба да се бори.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Дознаваме дека ПР експертите во белата палата им дале наредба на сите челници на ВМРО ДПМНЕ да пукаат жестоко против Пендаровски и тоа постојано, иста таква наредба е дадена и на ботовите и медиските кучиња по медиумите со цел да се потрудат колку толку да му оневозможат да прерасне во нов Киро Глигоров, сценарио кое е ноќна мора за ВМРОВЦИТЕ.

Па сега имаме еден парадокс, имаме претседател кој цело време упатува критики кон владата, СДСМ не се буни, ВМРО ДПМНЕ урла и фрла дрва и камења по него?!?!?!?!

МАКЕДОНИЈА И СЕ Е МОЖНО!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Каде е проблемот во суштина? На Заев можеш лесно да му залепиш афери од уназад 15 години бавење со политика, па имаш евро за Вицето, имаш Глобал, имаш Аболиција, имаш критика дека неговата фамилија тежи десетици милиони евра, го имаш Вице Заев кој го билдаат да биде новиот Сашо Мијалков, и разни гафови, изјави итн итн итн... Прашање е колку овие афери се истрошени и колку поминуваат кај народот, но ги има, ВМРО ги користи постојано... Плус РЕКЕТ и Боки кои очајно се обидуваат да му ги залепат на Заев...

Но со што можеш да го оцрниш Стево? Вози ебено Југо, нема ниту куќа и стан на свое име, професор, даскал, нема ниту фотка со Боки, човекот е политички супермен кој не можеш со ништо да го погодиш и оцрниш, тој е багер кој е најголема закана да ги прегази ВМРОНИТЕ како жаба на асфалт на долг рок, збориме за наредните 5-10 години...

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија