АПЕЛ ДО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ: Одете на интервјуа во Алфа ТВ, емисиите на Јанко Бурек, Миленко Шоу, Васко Ефтов...

Објавено на 20.12.2019 во 15:36:39 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
 
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Една од работите кои најмногу ме нервираа во Груевизмот е што Грујо и Коце и Хорхе одбиваа да одат на критички интервјуа на критички медиуми.
 
Не сакаа ниту на дебати да одат. Толку беа забегани гадови, мислеа дека се шефови на некакви приватни корпорации па немаа никаков однос кон јавноста, небаре владата и буџетот се нивна своина од мајка им.
 
Сега многу нешта се променети на подобро, но сеуште има одбивност на првите луѓе во земјава да одат на критички интервјуа на најрадијалните критички медиуми. Сметам дека тоа е грешка.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Прво, сметам дека ако отидат, тоа ќе помогне во смирувањето на страстите во земјава, а тоа е многу важно затоа што е прашање на време кога ќе се повтори 27-ми април.

Ги гледам нарациите и теориите и тезите кои ги шират опозицисските медиуми, и практично тие креираат една виртуаелна реалност во земјава која тотално е одлепена од реалноста.

Се добива впечаток дека на власт е некаква ѓаволска сатанистичка мафијашка предавничка платеничка нездрава политичка елита.

Со гостување во овие најрадикални вмровски медиски дувла таа параноја ќе се разбие како меур од сапуница.

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Околу тезата дека така ќе се легитимираат овие лоши медиуми, мислам дека тој аргумент не држи, тие медиуми ќе постојат се додека постои глаачкото тело на ВМРО ДПМНЕ, значи таа 500 000 десничарска публика нема да оди никаде во блиска иднина, тие медиуми ќе си постојат вака или онака, со овие гостувања ќе се направи некаков допир на таа параноја и виртуаелна реалност со вистинската реална реалност.

И тоа ќе биде голема придобивка. За земјата. Но и за СДСМ и за власта, Со одговарањето и разбивањето на сите тие лудачки тези, опозицијата ќе биде разоружана и ослабнета.

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Практично мислам дека овие Миленко, Јанко, Васко Ефтов и останати, молат бога Заев, Стево и Петре да не им отидат на интервју, затоа што сега спокојно безбедно можат од дистанца да трескаат невидени глупсти и теории на заговор притив власта.

Со тоа ловат ефтини поени во јавноста и ефтин рејтинг кај најмалку едуцираните и најпротите гледачи и слушатели и читатели.

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Инаку во светот, на пример во САД, медиумите не се многу подобри од нашите. ФОКС ЊУЗ, медиумиот на десницата во САД е исто толку блесав и скандалозен и бездушен и креатор на лажни вести колку што се и нашите Инфомакс и Курир.

Но сепак Обама редовно одеше на интервју во ФОКС ЊУЗ, барем еднаш годишно. Со тоа се смируваа страстите во САД иако за Обама се креираа тези дека е муслиман џихадист луцифер дојден да ја уништи Америка. Нешто слично што се креира сега од нашата десница и за Заев.

Одете во десничарските дувла на интервју почитувани Заев, Петре и Стево, помогнете земјата да се смири, да се цивилизира и да се демократизира.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија