Го слушав вчера Александар Николовски на Алсат М во емисијата 360 степени. Човече кое лудило, ова ВМРОВЦИТЕ се од друга планета!

Објавено на 21.12.2019 во 12:39:44 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
 
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------
Бреј бреј кое лудило се ВМРОВЦИТЕ...
 
Го слушав вчера на Алсат М Александар Николовски, имаше интервју за емисијата 360 степени, и што д ви кажама, како да јал диви печурки пред даа дојде во емисија.
 
Го слушам вака еден саат, ццкам и си викам, кој бе може на овојо да му поверува и да земе да гласа за овој човек, еееј, кој?!?!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Он ќе го разоткриел целиот криминал во земјава кој бил диригиран од Заеви, иако за тоа нема никакви докази.

Ќе го мењаале договорот од Преспа ако добиеле 80 пратеници?!?!

Ако не ќе влегле во ЕУ и од внатре ќе го мењале?!?!?!

Никад немало да гласаат за промена на државна институција според новото име, ама ќе гласале за влез во НАТО?!?!

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Договорот од ПРЕСПА бил катастрофа, они можеле да избоксуваат многу подобар?! Па 12 години имавте време бе лажови едни популистички, што чекавте?!?!

Ги повика Бугарите да гласаат против Бојко Борисов затоа што бил некултурен политичар го снимал Мицковски со мобилен за време на средбата во Загреб?!

Заев наместо да ги реши проблемите со Грција и Бугарија, он ги ескалирал проблемите и отворил нови проблеми?!?!?!?!

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Економијата била за никаде, он дури се плашел и од инфлација?!?! ЕЕЕЈ ИНФЛАЦИЈА?!?! Да му објасни некој на правникот дека инфлација се јавува кога државата односно народна банка печати пари во печатница и ги пушта во оптек без да откупи или продаде девизи па се јавува дисбаланс меѓу побарувачка и понуда на девизи па денарот губи вредност и тогаш почнуваат да рипаат цените во продавниците затоа што увозот е во девизи но цените се во денари па таа инфлаторна трка ќе започне кога ќе почне да тоне денарот, но народна банка тоа никогаш нема да го дозволи затоа што имаме државни резерви од неколку милијарди долари и тоа е просто невозможно во 2019-та да ни се случи...

Он бил загрижен и што државата многу се задолжувала?!?! Еј, Николовски бил загрижен кога јавниот долг се стабилизира а не беше загрижен кога јавниот долг растеше со лудо темпо во минатите 12 години па од долг од 2-3 милијарди стасавме до долг од 6 милијарди долари речиси пола од БДП на земкјата?!?!

* реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

   

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

 Заев бил замешан во РЕКЕТ иако самиот Камчев го негираше тоа во суд но и во снимките во кои јасно се слуша како Заев го моли Камчев да пријави па дури и му се заканува дека ако не пријави и тој ќе одговара?!?!

СЈО служело за политички притисок, Миле Јанакиевски бил жртва и неговите случаи ќе паднеле во СТРАЗБУР и ќе требало на Миле да му плаќаме оштета?!?!

Од ЕУ сме добиле вето не поради Франција туку затоа што во земјата имало многу корупција?!?!

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Судството и обвинителството биле под контрола на СДСМ иако од авион се гледа дека е поинаку.
 
Законот за двојазичност морало да се менува во корен, Албанците морало да се помират со тоа, они биле за правата на Албанците али според уставот, значи шипки варени!
 
Абе а човекот отвореше уста од устата му услегуваше се полуда и поткачена теза, си велам кој бе ќе поверува во овие будалаштини, како овие имаат намера да дојдат на власт и да владеат, кој ќе владее со нив, која партија, како ќе изгледа таа власт?!

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------

  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------
 
Интересна ми беше таа опсесија со лажење, извртување на фактите и на реалноста, оној национален фанатизам, еј да изјавиш дека договорот од ПРЕСПА ќе го менуваш на само 1 месец пред влезот на земјата во НАТО тоа е невиден фанатизам на кој ИСИС може да поавиди.
 
А во исто време се секираш за економијата, а пак растот на социјалната помош и минималната плата го коментираш така што го плашиш народот со инфлација?!?!?!
 
Што психа е тоа, што карактер е тоа, како ли само се наоѓаат едни со други во тоа партијата, ми се чини дека што порасипан, по одлепен од реалноста, по забеган, по вешт во лажење, по голем националист и фанатист, толку повеќе шанси имаш да напредуваш во хиерархијата на ВМРО ДПМНЕ.
 
Од тој аспект, и не треба да не чуди што на врвот се Јанушев, Антоњо, Илче Гебелс, Николовски, Влатче, Мицковски сите тие се родени МИНХАУЗЕНИ, те гледа у очи и те лаже дека црното е бело и обратно ти го гледаш и се чудиш кој е луд овде?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија