ГО ГЛЕДАВ МИТИНГОТ ВО ЈАНЕ САНДАНСКИ: ВМРОВЦИТЕ НЕ НИ СЕ ОБИДОА ДА ПОКАЖАТ СИЛА, ПОВЕЌЕ ЦЕЛТА ИМ БЕШЕ ДА ПОКАЖАТ ДЕКА НЕ СЕ УМРЕНИ КАКО ПАРТИЈА - ОВА ВМРО ДПМНЕ ДЕЛУВА ЖАЛНО ИЗМОРЕНО ОСЛАБЕНО ИЗГУБЕНО ОЧАЈНО

Објавено на 21.12.2019 во 23:08:58 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


* Реклами ----------------------------------------------------------------------------------------
 
  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Очај, изгубеност, малодушност, тоа е она што како пораки ги добив од денешната трибина на ВМРО ДПМНЕ во салата Јане Сандански.

Далеку е ова ВМРО од она пред 5-10 години кога делуваше моќно мотивирано осилено, со тапани со музика со антички капи на главите со мечови и штитови на митинзите...

Им дале да мафтаат сега со некои картони и пароли, тук там по некое знаме со сонцето од Вергина, се слуша НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА во време кога Мицковски се обидува да ја ребрендира партијата и да ја престави како прозападна про европска...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

  
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Општ хаос и општа изгубеност. Вака СДСМ личеше во 2008-ма, 2010-та, 2013-та, очајно, анемично, митинзи ради реда колку да се покаже на јавноста дека партијата не е мртва. И добро, пораката е пратена, не сте политички мртви. Тоа е повеќе од јасно.

Но дека сте во победничка кондиција, тоа тешко дека ќе не убедите. Дури добив на чувство дека Мицковски како да се откажа дури и од обидот да победи на следните избори па сега како целта да му е да ги истера некако изборите да извади пата пата со СДСМ да остане во опозиција но да ја задржи лидерската фотеља во белиот дворец со плачење дека победата му била украдена, дека во македонските средини победил дека кај да е победата ќе се случи само ВМРОНИТЕ да издржат уште малце...

* Реклами  ---------------------------------------------------------------------------------

    
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

Но прашање е дали ќе успее Мицковски по поразот на 12-ти април да го издржи налетот на Митко Јанчев кој внимателно и спремно чека и се загрева, прави тим, креира медиски мит за себе кој гази, јужно од Велес, лидер на ВМРО ДПМНЕ не е Мицко туку Митко...

Тој налет Мицко нема да може да го издржи. Но доброто за ВМРО е што тој налет на Јанчев најверојатно нема да може да го издржи ниту Зоран Заев и најверојатно иден премиер во земјава ќе биде Митко Јанчев ама за 4 години од сега.

ВМРО ДПМНЕ ќе мора да почека најмалку 4 години ако решат да ги води Митко Јанчев, ако не, ако останат со Мицковски, тогаш ќе почекаат најмалку уште 8 години за пак да дојдат на власт!

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

  

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

п.с 

Смешен беше говорот на Мицковски. Се што имаше да наброи се гафови на Заев искажани во изјави и тоа што Боки 13 се сликал со првенци на СДСМ на јавни настани. Наместо тоа, говорот на Зоран Заев во 2016-та кога го рушевме режимот содржеше такви хорор скандали и такви злодела и ѕверства и пљачки на ВМРО ДПМНЕ што сегашниот говор на Мицко делува како цртан филм од Волт Дизни! Како една епизода од цртаниот МЕЧЕТО УШКО.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија