МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ СО НОВА ИДЕЈА: Закон за финансиска лустрација од 1990

Објавено на 22.12.2019 во 21:17:18 часот | Македонија

 * реклами  ----------------------------------------------------------------------------------
 
  
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

* реклами  -----------------------------------------------------------------------------------------

    
-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Македонија е веќе во изборна кампања. Политичките партии / политичарите се потепаа помеѓу себе да докажат кој е поголем борец против криминал и корупција! Во ред, имаме предлог, како народот да оцени кој е реално против, а кој е слуга на мафијата!

Ги повикуваме СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ.... сите партии и политичари заедно, пред распуштање на парламентот, да се донесе Закон за финансиска лустрација од 1990 до денес!

Нека види народот која партија е слободна, а која под контрола на мафијата! Нека вистината за приватизацијата, го види светлото на денот!
Најкасно до 31.01.2020 година!

* реклами  -------------------------------------------------------------------------------------

 

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Со овој закон ќе се спроведе финансиска лустрација на целокупниот имот, почнувајќи од најбогатите!!!
Оној кој нема докази за потекло на својот имот, или дел од него, ќе се оданочи со 50% од вредноста на имотот. Ако не може да исплати кон државата, ќе се заплени тој имот! Ништо повеќе!

Од тие пари, ќе се спроведе проектот на Македонски Концепт - “Обештетување на граѓаните”!
Само така можеме за изградиме ФЕР општество, само така правдата ќе биде задоволена!

Приклучи се!
#МакедонскиКонцепт

 

 

loading...

 

Македонија

Свет