Анѓушев: Новата еврообврзница е за раздолжување на стари обврски

Објавено на 23.12.2019 во 19:01:08 часот | Македонија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев не очекува опструкции од опозицијата во идната техничка влада во врска со издавањето на нова еврообврзница којашто, како што вели, има за цел пред се, враќање на стари задолжувања, но по пониски камати.

– Очекувам дека сите чинители на општественото и политичкото живеење во нашата држава ќе знаат да го препознаат интересот на граѓаните и тоа што е интерес на државата, а не теснопартиски интерес. Во таа смисла не очекувам никакви опструкции со оглед на тоа дека сите задолжувања што се прават во државата воглавно за раздолжување на стари обврски кои што се по повисоки камати, сега се нови задолжувања со пониски камати. Ако некој тоа го третира како лошо и прави опструкција на тоа, тој ќе прави опструкција на целата држава и на граѓаните на нашата држава – рече Анѓушев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет